Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Николовски: Вложуваме во рамномерен регионален развој, во општини во служба на граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > (ВИДЕО) Николовски: Вложуваме во рамномерен регионален развој, во општини во служба на граѓаните
Рурален Развој

(ВИДЕО) Николовски: Вложуваме во рамномерен регионален развој, во општини во служба на граѓаните

Објавено 02/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имаше работна средба со градоначалникот на општината Крива Паланка,  Борјанчо Мицевски, на којашто беа презентирани тековните и идните проекти на општината, како и задолженијата за општините што произлегуваат од Планот за борба против корупција.

Вицепремиерот Николовски, посочи дека Владата континуирано вложува во рамномерниот регионален развој и јакнење на инфраструктурата во секоја општина од државата, со единствена цел- подобрување на условите за живот на граѓаните на локално ниво.  Општина Крива Паланка е една од општините опфатена со 23-те проекти преку ТАВ програмата, која што предвидува проекти за инвестиции во локалната патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки, училишта, спортски објекти, здравствени установи и друго. Николовски посочи дека денеска се одобрени дополнителни 5 милиони денари грант за реконструкција на плоштадот во Крива Паланка, со што вкупната инвестиција изнесува 48 милиони евра, грант од Светска банка.

„Со дополнително учество на општината целосниот проект за плоштадот во Крива Паланка треба да биде завршен до 30-ти август и претставува еден од најкрупните капитални проекти за градот и за жителите во Крива Поаланка. Преку програмите на Министерството за локална самоуправа се одобрија проекти за реконструкција на Домот на култура во Крива Паланка во вредност од над 4,1 милиони денари. Со близу 1,6 милиони денари започнува и реконструкцијата на фасадата на Градскиот Музеј овде во Крива Паланка, која последен пат е реновирана пред 13 години“, изјави вицепремиерот Николовски, додавајќи дека паралелно се врши  доградба на детската градинка Детелинка, преку Министерството за транспорт и врски а со грант од Светска банка ќе се започне со изградба и реконструкција на патот до Градските гробишта, а преку три проекти финансирани од Светска банка се изведува изградбата на минор коритото на Крива Река.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Мицевски, изјави дека сите овие проекти ќе влијаат врз подобрување на условите за живот во општината.

„Се реализираат многу проекти и во руралните средини од општината и се тоа е благодарение на добрата соработка, која што ја имаме и покажавме како треба да дејствуваат во спрега централната со локалната власт. Благодарност за се она што досега Владата има направено за Крива Паланка и за регионот во целина затоа што ваков градежен бум во изминатите години жителите не паметат“, изјави градоначалникот Мицевски.

Во рамки на посетата на Крива Паланка, вицепремиерот Николовски и градоначалникот Мицевски разговараа и за постапувањата во однос на задолженијата што произлегуваат од Планот за борба против корупција.

Општина Крива Паланка, досега има подготвено годишна антикорупциска програма која содржи мерки за превенција и сузбивање на коруптивни дејстваија, и е единствена општина која има подготвено и Акциски план за реализација на оваа програма. Во фаза на објава се и интерните процедури за јавни набавки, кои општината ги има подготвено, а кои се важни за квалитетни и транспарентни јавни набавки. Според последните рангирања, оваа општина е квалификувана со високо ниво на транспарентност.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Шест грла говеда од Крива Паланка залутале во Бугарија, локалниот проблем стана меѓународен
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:крива паланкалокална самоуправаЉупчо Николовскиминистерство
Претходен напис Здружението „Благој Котларовски“ доби земјоделска опрема, донација од Јапонската агенција за меѓународна соработка JICA
Следен напис Министерот Хоџа со порака до земјоделците: СИЛАТА Е ВО ЗДРУЖУВАЊЕТО!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?