Јапонската дуња (Chaenomeles japonica) е листопадна грмушка која се одгледува поради прекрасните единечни или двојни цветови со разни бои: силно црвена, розева, бела, портокалова, корално црвена и црвена.
Јапонската дуња е со потекло од источна Азија. Припаѓа на семејството рози, Rosaceae.
Цвета рано напролет. Грмушката расте од 100 до 150 см височина. Погодна е за садење како жива ограда. Листовите се овално долгнавести, сјајни, со темно зелена боја.

Јапонската дуња не е многу тешка за одгледување. Ѝ одговара секоја почва, сака сончеви места. Се размножува со семе, резници или со одделување, од лето до есен.
Потребно е редовно да се реже после цветањето. Страничните гранки се режат на 2 до 3 пупки, додека сите линиски гранки треба да се проретчат и да се формира грмушка за да се видат цветовите.
Ако сакате да уживате во цветањето на јапонската дуња и во текот на зимата, исечете неколку гранчиња со пупки, внесете ги во топла просторија и ставете ги во вазна со вода. Набрзо ќе процветаат.

Примена: за гредички, жива ограда, за одгледување во саксии, за садење во градини.
Напомена: Јапонската дуња не бара многу, ѝ одговара секоја почва и отпорна е на зима, студ и топлина. Редовно треба да се реже.
Извор: living.vecernji.hr
