Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Магна” почнува со производство кон крајот на годината, ќе отвори над 1.200 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Магна” почнува со производство кон крајот на годината, ќе отвори над 1.200 работни места
Агровести

„Магна” почнува со производство кон крајот на годината, ќе отвори над 1.200 работни места

Објавено 30/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Канадската компанијата „Магна”, која почна да гради фабрика во ТИРЗ „Струга”, треба да почне со производството на ретровизори за „Дачиа Дастер” кон крајот на годинава. Компанијата веќе вработи 40 лица, а според Договорот за државна помош треба да бидат вработени 300. Согласно бизнис планот, пак, се планираат над 1.200 работни места. Инвестицијата ќе биде најмалку 35 милиони евра, а државната помош до 50 отсто од реализираното вложување преку даночни и царински ослободувања, како и преку грантови за нови работни места, за инвестициски трошоци, конкурентноста,…

Како што беше речено на денешната презентација во Музејот на современа уметност во Скопје, инвестицискиот циклус на „Магна” почна во март 2021 и ќе трае до 2026 година, а објектот што ќе се гради ќе биде со големина од околу 17.000 метри квадратни.

Една од придобивките на инвестицијата ќе биде интензивирање на соработката со домашните компании. Почнат е процесот на идентификување на локални добавувачи кои би се вклучиле во производниот процес.

-Придобивките од оваа инвестиција се бројни, а една од нив е интензивирање на соработката со домашните компании. За таа цел започнат е процес на идентификување на локални добавувачи од Северна Македонија кои би се вклучиле како потенцијални добавувачи на суровини за „Магна”, но и за останатите компании. Ваквата соработка со локалните компании има силен придонес за севкупната економија во државата – истакна премиерот Зоран Заев на презентацијата.

Заев уште еднаш повтори дека Владата ги поддржува инвестициите кои креираат висока додадена вредност, имплементираат современа технологија, отвораат работни места, извезуваат и го раздвижуваат деловниот амбиент.

-Новата инвестиција во Струга е уште една потврда за заложбите на оваа Влада за рамномерен регионален развој за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија – нагласи премиерот.

Тој апелираше до инвеститорите да ги искористат можностите и да го вложат капиталот тука, во Северна Македонија.

-Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните така и за странските инвеститори. Економијата во зоните во првиот квартал од 2021 година порасна за 30 отсто во споредба со истиот период во 2020 година и 41 процент во споредба со 2018 година, што го прави рекордно високо во последните четири години. Позитивниот тренд продолжува и во април – имаме седум отсто раст на извозот во споредба со претходниот месец или 280 милиони евра. Во првите пет месеци од оваа година потпишавме 15 нови договори со инвеститорите, а само пет се нови во индустриските зони. Вредноста на овие договори надминува 100 милиони евра во обем на инвестиции – подвлече Заев.

„Магна Интернационал” произведува ретровизори и други технолошки производи за потребите на автомобилската индустрија, поточно за „Генерал Моторс”, „Форд”, „БМВ”, „Тојота”, „Волксваген”, „Хонда” и многу други познати брендови.

Како што рече потпретседателот на компанијата, Дејвид Креспи, „Магна” има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди.

-Не само што обезбедуваме компоненти, туку вршиме и целосно склопување на возила, обезбедуваме различни производи, каросерии, шасии, електроника, ретровизори, осветлување, седишта,… Фабриката во Северна Македонија ќе биде за ретровизори – рече Креспи.

Договорт со „Магна Интернационал” за инвестицијата во земјава беше потпишан пред два месеца.

На презентацијата присуствуваа вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, како и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

https://fb.watch/6s2DYuy1hO/

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:магнатирз сруга
Претходен напис Падот на туризмот поради пандемијата може светската економија да ја чини 4.000 милијарди долари
Следен напис „Печурка на бесмртност“, на која ѝ расте популарноста, а се користи со векови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?