Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рудникот САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во различни области значајни за животот на луѓето и локалната заедница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рудникот САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во различни области значајни за животот на луѓето и локалната заедница
Агровести

Рудникот САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во различни области значајни за животот на луѓето и локалната заедница

Објавено 18/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Рудник САСА, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, ја потврди својата намера да продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница. Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по повод 15-годишнината од рестратирањето на рудникот, престојуваше во Македонска Каменица, каде се запозна со реализацијата на дел од досегашните и тековните општествено одговорни проекти, како и со плановите за идни вложувања на САСА во развојот на заедницата.

„За нас во САСА успехот е целосен само доколку се сподели со луѓето и со заедницата во која ние живееме и работиме. Затоа, благодарение на поддршката што ја добиваме од нашите сопственици – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, како и соработката со институциите на централно и локално ниво и партнерите, како што е Британската Амбасада, ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на натамошен одржлив развој на САСА, што ќе ни отвори нови можности за уште поголеми вложувања во проекти кои се значајни за просперитетот на луѓето и локалната заедница“, изјави директорот за одржлив развој на САСА, Ивица Талевски, заблагодарувајќи ѝ се на Амбасадата на Обединетото Кралство и на амбасадорката Галовеј, за искажаниот интерес и континуираната поддршка.

Во рамки на оваа посета, Амбасадорката на Обединетото Кралство помеѓу останатото се запозна со работата на Тренинг центарот за обука на САСА, како и со поддршката што ја дава компанијата за воведување на новиот концепт за дуално образование во рамки на општинското средно училиште и стипендиите што се доделуваат на студенти на универзитетот во Штип. Ваквата поддршка треба да ги зголеми перспективите за кариерен развој и вработување на младите.

Амбасадорката беше запознаена со вложувањата на САСА во сегментот на здравствената заштита и поддршката на социјално ранливите граѓани во заедницата, особено во периодот на пандемијата од Ковид-19, како и со најновиот проект за изградбата на паркот „Младост“ во Македонска Каменица, во што се вложени над 100 илјади евра. Беше презентиран и планот за вложувања во хортикултурно уредување на новата зелена урбана зона во градот.

„Македонска Каменица е одличен пример за тоа дека кога постои вистинска визија, разбирање и соработка помеѓу деловните субјекти, институциите и граѓаните, тогаш може да се постигнат видливи резултати кои носат прогрес и подобар квалитет на животот во заедницата.“, изјави амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, упатувајќи честитки за тимот на САСА и на Централ Азија Металс за целокупната досегашна работа и плановите за идни вложувања во развојот на заедницата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:рудниксаса
Претходен напис Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со дожд
Следен напис Зголемените цени ја зголемија инфлацијата во еврозоната
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?