Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв ПАЗАР.орг – да купуваме здрави, локални производи, а не увезени кои „патуваат“ илјадници километри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прв ПАЗАР.орг – да купуваме здрави, локални производи, а не увезени кои „патуваат“ илјадници километри
Агровести

Прв ПАЗАР.орг – да купуваме здрави, локални производи, а не увезени кои „патуваат“ илјадници километри

Објавено 17/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последниве десет години се дадени една милијарда евра субвенции во земјоделството, а производители има се помалку. Потрошувачите, пак, наместо да купуваат домашни, локални производи со висок квалитет, повеќе се насочени кон странските производи. Увезуваме храна од 1000, 5000, 10 000 километри далечина, иако неколку километри од нас се произведува висококвалитетна храна, беше речено на денешната прес-конференција по повод првиот Пазар за органски производи – ПАЗАР.орг што ќе се одржува следните три саботи во „Јавна соба“.

Како што најавија организаторите, „Јавна соба“, првата задруга на потрошувачи на органска храна „Добра земја“ и е-продавницата „Бакалница.нет“, станува збор за урбано шопинг доживување кое ќе понуди свежи органски домати, краставици, пиперки, рукола, зелка, компири, но и органски јаболков оцет, маџун и кашкавал, а целта е да се подигне свеста кај граѓаните дека органската храна е поздрава, да се разбие стигмата дека е недостапна и скапа, како и да се поддржат домашните, локални производители.

May be an image of 4 people

Посетителите на Пазарот ќе имаат можност, не само да купат, туку и да дегустираат храна, како и органско вино од мали семејни винарии за кои никогаш не слушнале. Сето тоа ќе биде зачинето со добра музика и мини игротека за деца.

– Идејата ни е промоција на производителите. Имаме и просветителска улога во целава приказна зашто треба потрошувачите да ги навикнеме на производи кои се произведени локално и кои се со висок квалитет. Индустриското производство е надминато. Се враќаме на вкусовите на нашите баби и дедовци, но со нови технологии, знаења и квалитет. Со Законот за малите произведувачи на храна се направија правилниците и од 2020 година веќе некои од малите производители добија сертификати. Речиси ниту еден производ нема бар код, се работи за мали, автентични серии на производство, но секој производ вреди повеќе од парите со кои се плаќа зашто во него се внесени традицијата и љубовта на производителот – изјави Владимир Куновски од е-продавницата „Бакалница.нет” на мали, семејни производители, направени по традиционални рецепти, кои не можат да се купат во маркети.

Според модераторката на настанот, Ана Јовковска, ПАЗАР.орг има многу поголем и поширок концепт, а тоа е пред сѐ пријателство со природата и поддршка на локалното, домашно органско производство.

– Ова се денови кои ги посветуваме на зелените еколошки идеи. Организаторите имаат иновативна иницијатива која поддржува грижа за здравјето на луѓето, зачувување на биодиверзитетот, грижа за природата, борба со хемиски тертираната храна, поддршка на локалното органско производство, а ќе има и донации за социјално загрозени лица – се што влегува во еколошките зелени идеи и одржливиот развој. Ова се работи кои во земјава сѐ уште ги туркаме со рака. Време е да стануваме сѐ поеколошки свесни, за тоа што значи здрава органска храна и живеење во симбиоза со природата, истакна Јовковска.

Пазарот за органски производи ќе биде отворен во сабота, 19 јуни, во 10 часот на зелената тераса на „Јавна соба”, а ќе продолжи и следните две саботи, на 26 јуни и 3 јули. Според организаторите, редно е децата, посебно оние од Скопје, да пробаат непрскано јаболко или домат или барем да видат каков е нивниот изглед и по што се разликуваат од индустриските.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:javna sobapazar.orgјавна собапазар.орг
Претходен напис Во тек е изградба на колекторски систем во Општина Илинден
Следен напис (ВИДЕО) Бачовски: На почеток на јули, повик за грант од 10 000 евра, предност за регистрирани земјоделци и за производители од одредени региони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?