Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Паѓаат цените на светските берзи, пченката е сè уште поскапа од пченицата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Паѓаат цените на светските берзи, пченката е сè уште поскапа од пченицата
Агровести

Паѓаат цените на светските берзи, пченката е сè уште поскапа од пченицата

Објавено 16/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатата недела на светските берзи цените на пченицаата паднаа, а на пченката пораснаа. Оваа недела се бележи пад за двете култури. За тоа придонесе последниот извештај на Министерството за земјоделство на САД (USDA), според кој глобалното производство на пченица би требало да се зголеми за 5,46 милиони тони до нов рекорд од 794,44 милиони тони. Ова е главно резултат на поголемо производство во Европската Унија, Русија и Украина.

Што се однесува до ЕУ, прогнозата е зголемена за 3,5 милиони тони, на 137,5 милиони тони, поради неодамнешните дождови во северна и централна Европа. Најголем раст е забележан во Германија, Франција и Романија.

Индексот на вегетација (НДВИ) измерен со сателити покажува зголемување на површината на одгледување пченица во Европа. Германија овој месец забележала најголем раст од 1,3 милиони тони, на 22,9 милиони тони.

Се проценува дека во Франција се зголемени прогнозите за приносот за 0,8 милиони тони на 37,5 милиони тони. Во Романија, која имаше многу поволни временски услови за раст на земјоделските култури, се очекува приносот да се зголеми за 0,5 милиони тони на 9,2 милиони тони. Раст од 0,3 милиони тони бележи Литванија, а 0,2 милиони тони Полска и Бугарија.

Како се движат цените?

Жетвата на пченицата во Русија може да биде поголема од минатата година, смета УСДА. Истото важи и за Украина. Ако тоа навистина се случи, аналитичарите сметаат дека европскиот пазар ќе биде под значителен притисок во цените. Цените за пченицата на берзата во Чикаго минатата недела пораснаа на 219,08 евра по тон, а на париската берза 211,25 евра. Цената на оваа земјоделска култура на МАТИФ падна на 209 евра за тон.

Што се однесува до руското производство, жетвата таму е зголемена за еден милион тони на рекордни 86 милиони тони. Производството на зимска пченица таму се зголеми во целиот западен дел на земјата поради пролетните дождови. Овој очекуван принос е нивен рекорд во последните пет години.

Глобалната потрошувачка на пченица ќе се зголеми за 2,4 милиони тони на рекордни 791,1 милиони тони, главно како резултат на употребата за исхрана на стоката во ЕУ и Русија. Сепак, Кина е исто така голем потрошувач и се предвидува дека од вкупно 296,8 милиони тони од залихите, дури 48 проценти ќе бидат во таа држава.

Според извештајот на УСДА, светската жетва на пченка во претстојната сезона ќе изнесува историски 1.189,85 милиони тони, што е зголемување за 5,8 проценти во однос на минатата сезона. Меѓу најголемите производители во ЕУ, поголема жетва се очекува во Романија, Унгарија и Полска. Франција може да забележи пад, а во Италија ситуацијата останува иста како и минатата година.

Цената на пченката на берзата во Чикаго падна во споредба со претходната недела на 214,13 евра за тон, додека тон на EuroNext чини 261 евра.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:берзапченицапченкацени
Претходен напис Бачовски: На располагање нови средства за поддршка и развој на рибарството и аквакултурата во земјава
Следен напис Денеска ќе биде сончево и топло, попладне краткотраен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?