Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: На располагање нови средства за поддршка и развој на рибарството и аквакултурата во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски: На располагање нови средства за поддршка и развој на рибарството и аквакултурата во земјава
Субвенции

Бачовски: На располагање нови средства за поддршка и развој на рибарството и аквакултурата во земјава

Објавено 16/06/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовск,и денеска го посети рибникот „ДООЕЛ Рила“ од селото Лаки, во близина на Виница. Овој рибник успешно ги користи мерките што се нудат преку Програмата за рибарство и аквакултура.

Директорот Бачовски информираше дека на минатиот оглас, „Дооел Рила“ има добиено грант од 370.000 денари за порибување на рибникот со 1.600 килограми виножитна пастрамка.

Бачовски информираше дека од денеска до 9 јули, отворен е новиот повик кој е наменет за развој на рибарството и аквакултурата во земјава. Право на аплицирање имаат сите кои во период од 1 февруари до 31 мај годинава, набавиле порибителен материјал за насадување на рибниците, како и субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2020 – декември 2021 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот.

На овој повик може да аплицираат и сите кои набавиле подмладок, а се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби при МЗШВ, но подмладокот што го имаат треба да е купен од субјекти кои имаат дозвола за производство на порибителен материјал, од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2020 – декември 2021 година.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека максималната вредност на прифатени трошоци за порибителен материјал е 40% од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок.

„Финансиската поддршка за порибителен материјал се исплаќа скалесто и тоа: за купен сопствен подмладок до 2.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот. За купен сопствен подмладок од 2.500 кг до 5.000 кг, поддршката изнесува 75% од вредноста на утвредната цена на подмладокот, додека 25 % финансиска поддршка, ќе добијат сите кои имаат сопствен или купен подмладок над 7.500 килограми. Исто така преку овој повик, поддршка можат да добијат и сите кои се занимаваат со рибарство и аквакултура, а во период од 1 ноември 2020 до март 2021 година направиле трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите додека биле во природен мрест. Како прифатливи трошоци согласно програмата се сметаат: рибочувари, набавено гориво за пловни објекти во сопственост на концесионерот или даден на користење на концесионерот, изнајмување на пловни објекти од трети лица. Поддршката од потточка 1.6 зависи од условите на теренот и големината на риболовната вода. Поддршка до 30.000 денари може да добијат сите кои имаат направено заштита на риболовните ревири и рекреативни зони, до 150.000 денари поддршка ги следува сите кои направиле заштита на риболовни зони, до 400.000 денари ги следуваат сите кои имаат заштита на риболовните подрачја“, истакна Бачовски.

Барањата и целокупната документација може да се најдат на веб-страницата на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk, документите се доставуваат во оригален примерок. Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен поштенски плик кој на предната страна во горниот лев агол треба да има ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/2021 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето.

Барањето може да се достави по пошта на следнава адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
бул. „3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц ) Скопје


Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2021 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите. Крајниот рок за поднесување на барањата е 9 јули 2021 година. Со помош на Програмата за рибарство и аквакултура, директно влијаеме врз домашното производство на риби и обезбедување на свежа риба за потребите на домашниот пазар.

Може да ви се допадне

Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Денеска се ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ за ОВЦИ за 2025 година
Таг:аквакултураНикица Бачовскирибници
Претходен напис Инвестиција од 70 милиони евра и 100 нови вработувања – потпишани договорите за фотоелектраната во Осломеј
Следен напис Паѓаат цените на светските берзи, пченката е сè уште поскапа од пченицата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?