Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истевнички Кукуље – нов туристички производ на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Истевнички Кукуље – нов туристички производ на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Рурален Развој

Истевнички Кукуље – нов туристички производ на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Објавено 16/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Истевнички Кукуље е новиот туристички производ на Агенција за промоција и поддршка на туризмот која во изминатиот период во партнерство со Општина Делчево го реализираше проектот за уредување и означување на туристички локалитет Истевнички Кукуље, кој претставува природна реткост.

-Согласно проектот, Агенцијата за туризам (АППТ) соодветно го обележа овој нов туристички локалитет и постави опрема која може да се користи од страна на туристите (маси, клупи, летниковец, како и корпи за отпадоци). Дополнително, за оваа туристичка атракција да добие на атрактивност, Општина Делчево ја уреди планинската патека од Истевник до Разловци со соодветна маркација со бои, информативни табли и патокази – информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Со комплетирање на овој проект како што додадоа од Агенцијата за туризам, туристите добија уште една дестинација за одмор и рекреација, но и за развој на активен туризам на 880 метри надморска височина, со опција за искачување на врвовите во околината кои достигнуваат до 1900 метри надморска висина.

-Со означувањето и уредувањето на оваа уникатна релјефна појава, се отвора можност да се видат карактеристичните форми на камени кукли кои се наоѓаат на околу 200м должина и на кои се формирани 50-тина земјени пирамиди со висина до 15 метри. Дел од нив наликуваат на човечки фигури – камени кукли, но и покрај легендите, науката тврди дека тие настанале со вековната ерозија на трошните седиментни карпи.

Овој проект претставува позитивен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и несоменено ќе придонесе да се збогати туристичката понуда на општина Делчево и регионот, додадоа од АППТ.

Туристичкиот локалитет Кукуље е втор по важност од овој вид во РС Македонија и според очекувањата на реализаторите на проектот се очекува да го посетат домашни и странски туристи кои се фокусирани на авантуристичкиот туризам.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Во Делчево бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:делчевоИстевнички Кукуље
Претходен напис Дирекцијата на ТИРЗ почнува серија панел дискусии со бизнис заедницата
Следен напис Потпишување на договорите за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?