Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Четири компании ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР за развој на дигитализацијата на земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Четири компании ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР за развој на дигитализацијата на земјоделството
Агровести

(ВИДЕО) Четири компании ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР за развој на дигитализацијата на земјоделството

Објавено 15/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно четири компании се добитници на финансиска поддршка во рамки на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство“ што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Четирите стартап компании кои со своите решенија ќе работат на трансформација на земјоделскиот сектор и ќе придонесат кон поефикасно и поодржливо земјоделство се скопската компанија „8ТЕК“, со проектот „FIELLDTEQ – дигитална земјоделска мултијазична платформа и мобилна апликација”, потоа „АгФутура Технологии“ со проектот „Центар за дигитално земјоделство”, 2Агродидаем Технологија“ – Битола со проектот „Агромилк Д21- Контролер за резервоари за млеко” и „Дрон Опс“ од Штип со проектот „Конструкција на дрон за набљудување, мерење и аналитика“.

Директорот на ФИТР, Коста Петров, вели дека овие домашни стартапи понудиле иновативни решенија чија имплементација директно ќе се рефлектира врз продуктивноста, попрецизното земјоделство и автоматски врз зголемувањето на приходите на земјоделците. Според директорот на ФИТР, глобалните трендови покажуваат дека технологиите се клучни во развојот на земјоделството и затоа ќе се продолжи со инвестирање на тоа поле и во иднина.

-Во изминатите месеци континуирано работиме на креирање на ново протфолио, со инвестиции кои се потесно насочени кон одредени сектори што се од голема важност за развој на македонската економија. Програмите кои ги креираме во Фондот, од повик до повик покажуваат дека сме на добар пат да го трансформираме македонскиот стартап еко систем – рече Петров.

Вкупниот буџет за финансирање на четирите избрани решенија изнесува 6 милиони денари. За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90 отсто од вкупниот буџет, во максимален износ од 1,5 милиони денари. Апликантот треба да обезбеди минимум 10 отсто од вкупниот буџет на проектот, а рокот за реализација на проектите е 12 месеци. Поддржаните компании ќе добијат и менторска поддршка и поддршка во комерцијализација на иновациите од страна на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). На предизвикот кој беше отворен од 16 март до 16 април оваа година се пријавија вкупно 38 компании.

https://fitr.mk/wp-content/uploads/2021/06/Digitalization-of-Agriculture-2.pdf

Може да ви се допадне

Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Таг:дигитализација на земјоделствотоФИТР
Претходен напис Димитров: Македонија и Романија имаат одлична економска соработка
Следен напис (Фото) Планинари изградија импровизиран мост од дрвја на Шар Планина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?