Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемен број на работни места во ТИРЗ во мај
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемен број на работни места во ТИРЗ во мај
Агровести

Зголемен број на работни места во ТИРЗ во мај

Објавено 14/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

​Во компаниите активни во ТИРЗ во мај е регистриран зголемен број на работни места од над 4,15% во однос на истиот месец од 2020 година.

Се очекува ваквиот тренд да продолжи во наредните месеци поради тоа што во дел од компаниите веќе се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места. Ова, имајќи предвид дека, според анализите на Дирекцијата за ТИРЗ, само постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места.

Во однос на извозот, компаниите активни во зоните учествуваат со над 46% во вкупниот извоз на државата. Извозните активности во месец мај достигнаа 251 милиони евра, со што извозот во првите пет месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 307 милиони евра. Оваа бројка е за 84% повеќе во однос на истиот период лани, односно 22% во однос на 2019 година.

Во првите пет месеци од 2021 г вкупниот увоз во зоните изнесува над 1 милијарда и 310 милиони евра и е за 110% зголемен во однос на истиот период лани односно 35 % во однос на 2019 г. Само во месец мај увозот во зоните достигна 255 милиони евра.

Поради засилените увозни активности, кои се должат на надополнување на залихите на репроматеријали, како и интензивирање на инвестициите во нови технологии, покриеноста на увозот со извозот во првите 5 месеци од 2021 е речиси изедначена. Во мај 2021 нето извозот е во незначителна позитива од 0,10% односно околу 27 процентни поени подобро од нето извозот на ниво на вкупната економија во државата за периодот јануари – април 2021.

Само во првите пет месеци од годинава се потпишани договори со пет компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра, а со новиот концепт на привлекување инвестиции само во последниве 5 месеци ТИРЗ успеа да поттикне интерес кај над 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра и на нови 8.500 работни места.

Дирекцијата за ТИРЗ неодамна направи и анализа на ефикасноста на една од мерките за привлекување на странски инвестиции – доделување на државно земјиште по субвенционирана цена. Согласно анализата, воведен е нов пристап со кој инвеститорите ќе се поттикнуваат, без дополнителен надомест од државата, да инвестираат во регионите надвор од Градот Скопје. Со оваа нова мерка/пристап, се очекува позитивните ефекти од странските инвестиции да бидат подеднакво достапни за сите граѓани на Македонија, стои во соопштението од директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Јован ДеспотовскиТИРЗ
Претходен напис Од денес во Букурешт ќе се промовираат македонски земјоделски и прехранбени производи
Следен напис Жители на Тработивиште реагираат за фрлањето отпад во река Желевица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?