Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Првпат по 20 години имаме ребаланс во кој се зголемени капиталните инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Првпат по 20 години имаме ребаланс во кој се зголемени капиталните инвестиции
Агровести

Битиќи: Првпат по 20 години имаме ребаланс во кој се зголемени капиталните инвестиции

Објавено 11/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во емисијата „Вин-вин” на телевизија Телма изјави дека првпат по 20 години имаме ребаланс на Буџетот во кој се зголемени капиталните инвестиции. Ребалансот, како што посочи, е направен поради последиците од последниот бран на пандемијата.

– После најмалку 20 години имаме ребаланс на Буџет во кој, наспроти намалување на капиталните инвестиции, ние сега имаме зголемување на капиталните инвестиции за повеќе од 27 проценти. Една влада која сакала да покупи гласачи, зголемува капитални инвестиции за скоро 100 милиони евра. Каква е таа Влада? Е, таа влада е различна од претходните влади, рече Битиќи, коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ребалансот е скроен поради претстојните избори како обид за поткуп на гласачи.

Тој истакна дека првпат има Влада која прави план за управување со јавните финансии на подолг рок, а најдоцна за две недели ќе биде најавена и националната развојна стратегија 2021-2024 година со цел на граѓаните да им се даде предвидливост за иднината на државата.

– Во Националната развојна стратегија и во методологијата дадовме рака на сите чинители во општеството. За првпат ќе има управувачки комитет во кој ќе учествуваат подеднакво и опозицијата и позицијата. Дури отидовме во Собранието и рековме ако може да се направи интерпарламентрана група која ќе биде водена од опозицијата каде секој месец ќе реферираме за секој чекор што ќе го направиме за националната развојна стратегија затоа што сметаме дека треба сите да бидат вклучени, рече Битиќи.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Битиќиребаланс
Претходен напис Петок, 18 јуни, е неработен ден за православните верници
Следен напис Црешата Кармен – најкрупната сорта во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?