Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Не заборавајте, во јуни овошките се третираат против штетници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Не заборавајте, во јуни овошките се третираат против штетници
Совети

Не заборавајте, во јуни овошките се третираат против штетници

Објавено 10/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овој период овошните дрва се во интензивен раст. Не смее да се дозволи тој да стивне поради недостаток од вода. Обилните полевања и прихранувањето по потреба, се одразуваат добро на растот и на плодообразувањето, како и на формирањето на родна папка. Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата.

Кога младите дрвца ќе почнат со плодоносење, потребно е да се отстранат плодовите до 50 см од врвовите на гранчињата.

Кај постарите овошни дрвца се врши проредување на плодовите, со цел останатите плодови да бидат со повисок квалитет. Кај јаболката и крушата проредувањето се врши кон крајот на месецот, откако ќе помине природното јунско проредување.

Во овој месец започнува формирањето на родни папки за наредната година, па затоа треба дрвјата убаво да се негуваат, наводнуваат, прихрануваат и почвата да се обработува редовно. Ако на крајот на месец мај е пропуштено второто прихранување на дрвцата, тогаш тоа треба да се направи во месец јуни.

Постепено започнува бербата на јагодите. Обилното наводнување и соодветното оплодување се од големо значење за формирање на цветни папки за наредната година.

Јаболката и крушите се третираат против краставост, пепелница, јаболков црв, вошки, крушкова болва, свиткувачи и сл.

Дуњата се прска 1-2 пати против губењето на заврзоците, кафеавата лисна дамкавост, црвливост и сл.

Сливите освен од црвената лисна дамкавост, шупликавост на листот, кафеавото гниење, овошниот црв и свиткувачот, овој период може да се инфицираат од рѓа и може да бидат нападнати од штитеста вошка.

Кај праските и кајсиите продолжува третирањето против пепелница, кафеаво гниење, шупликавост на лист и овошни црви.

На почетокот на месецот се врши последното третирање против црешова мува кај вишните и црешите. За тој третман соодветни се препаратите кои имаат 24 часа каренца. Исто така се прска и против сачменка и кафеаво гниење, а кај вишната и против белата рѓа.

Кај оревите продолжува третманот против бактериозата и антракнозата. Бадемовите дрва се третираат против бадемов семејад, сачменка, церкоспориоза. Леските во овој период од годината може да бидат нападнати од лешников молец кој го нагризува овошјето и полага јајца во него. Јагодите се третираат против сивото гниење.
Малините и капините се третираат против дидимела, антракнза, пепелница, малинов комарец, малинов бумбар и др.

За сите горенаведени болести и штетници, потребно е да се користат дозволени препарати.

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:јаболкакрушиовопје
Претходен напис НЈСК Холдинг ја доби првата лиценца за извоз на сув цвет од канабис на пазарот на ЕУ
Следен напис Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли: На патот кон ЕУ остваруваме европски вредности за граѓаните од двете земји
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?