Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НЈСК Холдинг ја доби првата лиценца за извоз на сув цвет од канабис на пазарот на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НЈСК Холдинг ја доби првата лиценца за извоз на сув цвет од канабис на пазарот на ЕУ
Агровести

НЈСК Холдинг ја доби првата лиценца за извоз на сув цвет од канабис на пазарот на ЕУ

Објавено 10/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

НЈСК Холдинг е првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис, како активна фармацевтска супстанција, наменет за Полска, која е дел од заедничкиот пазар на Европската Унија.

Ваквиот успех е резултат на петгодишната макотрпна работа, како и интензивните вложувања во најсовремена опрема, специјализирано знаење и највисоки стандарди за ваков вид фармацевтско производството, со цел да се задоволат високите критериуми за квалитет кои се бараат на европскиот и светскиот пазар.

Значен удел во ова достигнување има и воспоставената комуникација и соработка со надлежните државни институции, како што се Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и Владата, кои покажаа голема подготвеност за изнаоѓање соодветни решенија за сите предизвици со кои се соочуваме.

Со добивањето на лиценцата за извоз на пазарот на ЕУ, НЈСК Холдинг се профилира како водечка македонска компанија за производство на ваков вид фармацевтски производи, со чие успешно работење се создава поволна клима и дополнителни можности за развој и на останатите домашни компании и идните инвеститори во оваа индустрија.

НЈСК Холдинг е основана во август 2016 година и е првата лиценцирана компанија за одгледување на медицински канабис во земјава и воедно таа е прва македонска компанија со европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база на канабиноиди. Досега своите производи ги има регистрирано на пазарите во Полска и Германија, а преку партнерски и сестрински компании, и во Велика Британија, Бразил и Австралија.

НЈСК Холдинг е дел од меѓународната групација „Фармакан Интернешнал“ која, покрај во Македонија, има свои производствени капацитети и во Холандија, Полска, Германија, Хрватска и Грција. Досега во развојот на производствениот капацитет во земјава се вложени над 20 милиони евра и се отворени 90 работни места за луѓе од различни професионални профили. Со добивањето на лиценцата за извоз во ЕУ се создаваат неопходните предуслови за реализација на дополнителни вложувања во вредност од 15 милиони евра и нови 150 вработувања, кои е планирано да се остварат во следните 12 месеци.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:канабис
Претходен напис Министерот Бочварски во Неготино најави силен инфраструктурен развој на општините
Следен напис Не заборавајте, во јуни овошките се третираат против штетници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?