Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Знак за безбеден туризам” – ССК издава меѓународен сертификат дека Македонија е безбедна туристичка дестинација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Знак за безбеден туризам” – ССК издава меѓународен сертификат дека Македонија е безбедна туристичка дестинација
Агровести

„Знак за безбеден туризам” – ССК издава меѓународен сертификат дека Македонија е безбедна туристичка дестинација

Објавено 09/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел гарантирање на безбедни услови за престој и користење на услуги во угостителските објекти, хотелите, мотелите, автокамповите Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за економија издава меѓународен сертификат за безбедност „Safety Travel Stamp” односно „Знак за безбеден туризам”. Со овој меѓународно признат сертификат се потврдува дека објектите во целост ги спроведуваат, почитуваат и практикуваат домашните и светските препораки за превенција и заштита од ширењето на вирусот Ковид 19 што создава сигурност кај домашните и кај странски гости.

„Во време на пандемија, со рестриктивни мерки за патување и постојан страв за сопственото здравје, туризмот и угостителството се едни од најпогодените индустрии, посебно кога станува збор за меѓународните патувања. Многу е важно да се убедат туристите дека Македонија е безбедна туристичка дестинација, со соодветни протоколи кои гарантираат безбеден престој и патување. Знак за безбеден туризам како меѓународно признат сертификат, е токму она што ќе ни помогне да ја пренесеме пораката дека сме безбедна дестинација и ќе ја вратиме Македонија на туристичката мапа на Европа”, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителска комора, потенцирајќи дека сега е потребна брза имплементација на овој сертификат и негова промоција во земјава и во странство.

Граматиков истакна и дека со промоцијата на овој сертификат треба да се почне веднаш и истата треба да ја спроведат приватниот сектор како и државните институции, преку информирање на своите партнери во земјава и во странство со цел што поскоро да го вклучат и самите тие овој сертификат во пакетите кои ги нудат за патување во Македонија.

Сертификатот може да го добијат тур-оператори и туристички агенции, автокампови, ресторани, кафетерии, хотели, мотели и други видови на алтернативен туризам. Аплицирањето за добивање на сертификат се врши преку интернет платформа https://safetravels.gov.mk, каде заинтересираниот правен субјект поднесува барање за добивање на сертификатот.

Овластувањето за имплементација на „Знак за безбеден туризам” и протоколи за безбедно патување го издава Светскиот совет за туризам и патување (WTTC), а во нашата земја се имплементира со поддршка на Министерството за економија и Швајцарска амбасада. Со развојот на оперативни параметри кои значат безбедно патување, WTTC создаде печат за оние кои ги аплицирале и се придржуваат до здравствените стандарди и овозможуваат безбеден престој на туристите.

Главната придобивка од воведувањето на овој „Safety Travel Stamp” е тоа што ќе го поттикне домашниот туризам и ќе ја зголеми довербата за Македонија како дестинација кај странските туристи. Сертификатот им овозможува на туристите полесно препознавање на компаниите и дестинациите кои работат според глобалните, стандардизирани протоколи за заштита од Ковид.

Со воведувањето на овој сертификат се влијае и на подигнување на свесноста за важноста на туристичко-угостителскиот сектор како генератор на економски раст и развој.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Знак за безбеден туризамохрид
Претходен напис Светската банка за оваа година предвидува раст на македонската економија од 3,6 отсто
Следен напис Светскиот саем Fruit Logistica ги отвора вратите во 2022 – почнаа пријавите за изложувачи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?