Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светската банка за оваа година предвидува раст на македонската економија од 3,6 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светската банка за оваа година предвидува раст на македонската економија од 3,6 отсто
Агровести

Светската банка за оваа година предвидува раст на македонската економија од 3,6 отсто

Објавено 09/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светската банка во најновиот извештај предвидува раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто, следната година растот е проектиран на 3,5 проценти, а во 2023 на 3,4 отсто.

За земјите од регионот проектирано е Албанија годинава да има раст на БДП од 4,4 отсто, Босна и Херцеговина 2,8 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 7,1 отсто и Србија 5 отсто.

Во 2022 година според најновата прогноза на Светската банка економијата на Албанија треба да има раст од 3,7 отсто, БиХ 3,5 отсто, Косово и Црна Гора од 4,5 отсто и Србија 3,7 отсто.

Во 2023 година растот на БДП во Албанија е проектиран на 3,7 отсто, БиХ, исто така, на 3,7 отсто, Косово 4,1 отсто, Црна Гора на 3,5 отсто и Србија 3,9 отсто.

Банката во јунскиот извештај „Глобални економски перспективи” предвидува дека економијата во светски рамки ќе забелижи раст во 2021 година за 5,6 отсто, што претставува најбрзорастечко темпо по период на рецесија во последните 80 години, главно благодарените на подобрувањето на перформансите на неколку големи економии.

– Сепак, многу економии во развој и натаму ќе се борат со пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици, оценува Светската банка.

Според Банката, и покрај закрепнувањето, глобалното производство до крајот на оваа година ќе биде на ниво од околу два проценти под проекциите поставени во периодот пред пандемијата.

– Загубите на приходите по глава на жител нема да бидат надминати до 2022 година во околу две третини од економиите во развој, се вели во извештајот.

Банката посочува дека во сиромашните економиите, каде процесот на вакцинација е бавен, ефектите од пандемијата се одразија негативно на напорите за намалување на сиромаштијата и ја влошија несигурноста и другите долгорочни предизвици.

– И покрај тоа што има позитивни показатели за глобално закрепнување, пандемијата продолжува да влијае врз сиромаштија и нееднаквост на луѓето во земјите во развој низ целиот свет. Од суштинско значење ќе бидат глобално координираните напори за забрзување на дистрибуцијата на вакцини и отпишување на долговите, посебно за сиромашните земјите. Како што се намалува здравствената криза, така креаторите на политиките ќе треба да најдат решенија за трајните последици на пандемијата и да преземат чекори за поттикнување на зелениот, еластичен и инклузивен раст, притоа задржувајќи ја макроекономската стабилност, оцени претседателот на Светската банка Дејвид Малпас.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2021Македонска економијарастсветска банка
Претходен напис (Фото+видео) Поради малото производство семејството Хора го продаде целото свое вино и покрај пандемијата
Следен напис „Знак за безбеден туризам” – ССК издава меѓународен сертификат дека Македонија е безбедна туристичка дестинација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?