Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска банка: Напредните економии со најдобри денови, сиромашните – со најлоши
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светска банка: Напредните економии со најдобри денови, сиромашните – со најлоши
Агровести

Светска банка: Напредните економии со најдобри денови, сиромашните – со најлоши

Објавено 09/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Напредните економии ги доживуваат своите најдобри денови, а земјите со ниски примања најлошите, бидејќи светската економија годинава ќе забележи најсилен раст во последните 80 години. Сепак, сиромашните земји кои немаат ниту вакцини против ковид-19, ќе продолжат да заостануваат – проценува Светска банка.

Банката со седиште во Вашингтон ја зголеми прогнозата за глобалниот раст за 2021 година за 1,5 поени, на 5,6 проценти, како резултат на силното закрепнување во „неколку големи напредни економии”, вклучувајќи ги и САД.

Од друга страна, „економиите во развој” ќе имаат раст за шест проценти.

„Со исклучок на Кина, растот на „економиите во развој и во развој” ќе биде само 4,4 проценти, а ако се земат само „земји со ниски приходи”, растот ќе биде под два процента”, изјави Ајхан Косе потпретседател на СБ.

„Напредните економии имаат најдобри денови, а земјите со ниски примања најлоши”, додаде тој.

Креаторите на политиката, според Косе, треба да имаат предвид дека „апсолутно е потребно брзо вакцинирање и вакцинирање насекаде, не само во напредните економии”.

„Додека има охрабрувачки знаци на глобално закрепнување, пандемијата продолжува да ги влошува сиромаштијата и нееднаквоста во земјите во развој низ целиот свет”, сумираше претседателот на Светска банка Дејвид Малпас во изјавата.

Околу 90 проценти од „напредните економии” се очекува да се вратат на приходот по глава на жител до 2022 година. Сепак, само околу една третина од „економиите во развој” се очекува да го постигнат тоа.

Како резултат, јазот во приходот по глава на жител помеѓу напредните економии и најсиромашните земји, кој се намали пред пандемијата, ќе стагнира, па дури и ќе се прошири.

Сепак, и покрај историското закрепнување, глобалниот бруто домашен производ ќе биде за околу два проценти понизок од проекциите за оваа година направени пред пандемијата, објави Светска банка.

Со асинхроно економско закрепнување ширум светот, наглиот пораст на каматните стапки, особено во САД дополнително ќе ги ослабне оние земји кои ќе се соочат со зголемени трошоци за рефинансирање на нивниот долг.

Дејвид Малпас потсетува дека дури и пред пандемијата, половина од „земјите со ниски примања” имаа потешкотии во враќањето на долгот или беа „изложени на висок ризик” да не можат воопшто да го отплатат.

Затоа тој повикува на „континуирана глобална соработка” и учество на приватниот сектор за да се намали долгот на најсиромашните земји.

Преку Г20, Светска банка и ММФ покренаа иницијатива за прекинување на сервисирањето на долгови на десетици „земји со ниски примања”. Тој аранжман истекува во крајот на оваа година.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијасветска банка
Претходен напис Времето денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд попладне
Следен напис Првиот човек на ЕСМ, Ковачевски за Фактор: Очекувам да нема зголемување на цената на струјата по први јули
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?