Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во првите четири месеци вредноста на извозот на стоки бележи пораст од 40.8%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во првите четири месеци вредноста на извозот на стоки бележи пораст од 40.8%
Агровести

Во првите четири месеци вредноста на извозот на стоки бележи пораст од 40.8%

Објавено 07/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 140 438 536 илјади денари и бележи пораст од 40.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 189 992 226 илјади денари, што е за 34.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 49 553 691 илјада денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 73.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – април 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 2 278 124 илјади евра и бележи пораст од 40.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 081 929 илјади евра, што е за 34.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 803 805 илјади евра.Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 2 739 362 илјади САД долари и бележи пораст од 53.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 704 130 илјади САД долари, што е за 46.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 964 769 илјади САД долари. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:izvozизвоз
Претходен напис Зголемување од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани
Следен напис Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?