Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемување од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемување од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани
Агровести

Зголемување од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани

Објавено 07/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалаци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 9.1 %, свежото и разладеното овошје за 4,1 осто, маслото и маснотиите за 2,1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,4 отсто и месото за 0,3 отсто.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 12,4 проценти, парамедицинските услуги за 5,5 проценти, обувките за 3,3 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 2,8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,6 процент, медиумите за снимање за 0,8 процемти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.6 %, медицинските услуги, стоматолошките услуги за 0,5 проценти, материјалите за одржување и поправки за живеалиштето, градините, растенијата и цвеќињата за 0.4 проценти, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.3 проценти, малите алатки и останатите додатоци, фармацевтските производи, другите медицински производи, патниот патнички транспорт, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,2 проценти. Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 3.0 процемти, моторните возила за 1,5 проценти, велосипедите за 0,5 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 проценти, книгите за 0,3 проценти..

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:хранацени
Претходен напис БДП во првото тримесечје изнесува –1,9 проценти
Следен напис Во првите четири месеци вредноста на извозот на стоки бележи пораст од 40.8%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?