Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 во Дестилерија за производство на ракија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 во Дестилерија за производство на ракија
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОЈавни огласи и повици

Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 во Дестилерија за производство на ракија

Објавено 01/06/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци каде што спаѓаат:

• Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
• Колачи, тестенини и пекарски производи;
• Чај и билни екстракти;
• Зачини и билки;
• Слатководна риба, ракови и мекотели

може да се аплицира за неповратен грант од 65% во инвестиција за Дестилерија за производство на ракија.

За ваквата инвестиција может да аплицираат физичко лице со место на живеење во рурална средина кое сака да започне да се занимава со производство на ракија односно да инвестира во изградба и опремување на објект каде што ќе произведува ракија од грозје или друго овошје.

Исто така можат да аплицираат и фирми односно Правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро и мали претпријатија, а тоа значи да имаат помалку од 50 вработени и годишен приход (обрт) помал од 10 милиони евра.

Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 1500 евра до 1 000 000 евра.

Документи кои се потребни за аплицирање за ваков вид на инвестиција се:

  1. Барање за користење на средства комплетно пополнето ( кое ќе Ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош
  3. Изјава дека на крајот од инвестицијата барателот (физичкото лице) ќе се регистрира како правен субјект во согласност со дејноста (производство на ракија).
  4. Диплома или сертификат за завршен курс/обука соодветната област за производство на ракија или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  5. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  6. Потврда од локалната самоуправа – Општината, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  7. Имотен лист од земјиштето/ парцелата каде што ќе биде изграден објектот (дестилеријата).
  8. Доколку земјиштето е во државна сопственост потребно  е и договор за концесија, не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се биде договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист.
  9. Поднесено барање за издавање елаборат за заштита на животната средина од Министерство за животна средина.
  10. Една понуда од добавувач до 10 000 еур со детална спецификација и изјава за земја на потекло. (опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана ), доколу вреноста по ставка надминува 10 000 еур потребно е да се достават 3 понуди со детална техничка спецификација и земја на потекло. (прифатливи се и општите трошоци кои се направени за подготовка на целокупната документација за аплицирањето).
  11. Договор за општи трошоци
  12. Фактура за општите трошоци (доколку се направени)
  13. Одобрение за градба на нов објект или изјава дека ќе се достави одобрение за градба за рок не подолг од 1 година од денот на поднесување на барањето
  14. КОПИИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА (ЦД) ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА ОД РЕВИДИРАНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
  15. ДЕЛОВЕН ПЛАН (го изработува консултантска куќа)
  16. РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ОПЕРАТОР СО ХРАНА
  17. МИСЛЕЊЕ ДЕКА ПЛАНИРАНТА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ И ЕУ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

Напомена : Документите под точка 16 и 17 ПОТРЕБНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ ДОБИЕ ПО СЛУЖБЕНА
ДОЛЖНОСТ.

Целокупната документација се става во затворн плик и се испраќа до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. 3 та Македонска Бригада бр 20 ( зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијат и од овој момент може да се почне со купување на опремата т.е. со сопствени средства може да ја набави опремата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30(црвен).

После реализацијата односно од кога ќе биде отворена дестилеријата, во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 250 000 евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 162 500 евра кои преставуваат неповратен грант.

Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Таг:Ипардпредлог бизнисракија
Претходен напис Најголем број слободни работни места во услужни дејности и продажба
Следен напис Виз ер повторно отвори седум рути од С. Македонија до четири држави во Европа
3 коментари 3 коментари
  • игор напиша:
    на 19/06/2021 г. во 10:22 часот

    После реализацијата односно од кога ќе биде отворен старечкиот дом, во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата.
    Во статијата зборувате за дестилерија ,во последниот дел -старечки дом .

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 21/06/2021 г. во 09:13 часот

      Ви благодариме на сугестијата. Поздрав

      Reply
  • Кирил напиша:
    на 30/01/2023 г. во 08:11 часот

    Здраво
    До кога е рокот за аплицирање и дали се однесува за доопремување на веке постоецки субјект дестилерија – Земјоделец мал производител на жестоки алкохолни пијалоци.
    Ви благодарам

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?