Земјоделските субвенции на ЕУ и понатаму се злоупотребуваат ширум Централна и Источна Европа (CEE), и покрај бројните обиди на Европската комисија да го спречи тоа, покажал еден извештајот работен за групата Зелени/EFA во Европскиот парламент.
Извештајот опфатил пет членки на ЕУ од Централна и Источна Европа – Бугарија, Чешка, Унгарија, Словачка и Романија и покажал дека прашањето на трошење на земјоделските фондови на ЕУ во сите тие земји е „многу проблематично“. Последниве години неколку извештаи предупредија на злоупотреба на земјоделските субвенции на ЕУ во земјите на Централна и Источна Европа, укажувајќи на судир на интереси, непотизам, корупција и измами.
Во новиот извештај се истакнува дека злоупотребата на земјоделските фондови не само што ги кочи напорите на ЕУ да исполни бројни важни цели, како оние во заштита на биодиверзитетот и борбата против климатските промени, туку ја поткопува и довербата во ЕУ и нејзината борба за владеење на правото.
Комисијата во прв момент не сакала да го коментира извештајот, како ни Министерствата за земјоделство од овие пет земји, освен чешкото.
„Сметаме дека системот на субвенции во Чешката Република е транспарентен. Нема да даваме повеќе коментари“, изјавил претставник на чешкото министерство за земјоделство.
Со прашањето на злоупотреба на парите на ЕУ ќе се занимава и Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO).
Европскиот парламент предложил да се дефинираат активните или „вистинските“ земјоделци кои можат да добијат средства, но разговоите за тоа сѐ уште траат.
„Потрошивме години разговарајќи за дефиницијата „вистински“ земјоделец, а сѐ уште многу „земјодлеци од фотелја“ се провлекуваат низ дупките на системот“; изјавил во неодманешното интервју за Еуроактив ирскиот европратеник Крис Макманус.
Извештајот укажал на „системска предност“ на големите фарми, чии менаџери генерално имаат „блиски врски со владејачките партии“ во своите земји.
„Овој извештај јасно покажува дека постои силна врска помеѓу политичарите и нејголемите корисници на субвенции во пет анализирани земји“; се наведува и се додава дека се чини дека без блиски врски со политичарите во некои случаи пристапот до земјиште е „скоро невозможен“. Исто така во извештајот се укажува дека земјоделските фондови на ЕУ станале „атрактивна деловна прилика за измамниците од разни видови кои земјоделството малку ги интересира“.
Во извшетајот се заклучува дека постои „јасна нееднаквост“ помеѓу алокацијата за големи и за мали фармери и дека многу земји не ги користат во полна мера постоечките инструменти од Заедничката земјоделска политика за да ги поддржат малите фармери.
Извор: agronews.rs
