Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангеловска-Бежоска: По падот минатата година, се очекува постепено закрепнување на извозот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангеловска-Бежоска: По падот минатата година, се очекува постепено закрепнување на извозот
Агровести

Ангеловска-Бежоска: По падот минатата година, се очекува постепено закрепнување на извозот

Објавено 28/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

При пад на извозната побарувачка за нашите стоки и услуги во текот на минатата година, којшто беше со сличен интензитет како и во текот на глобалната криза во 2009 година, извозот забележа пад од 10,1%. За оваа година се проектира постепено закрепнување на странската побарувачка и раст на извозот од околу 15,2%, што е важно за закрепнувањето на економијата по шокот што ѝ го зададе пандемијата. Впрочем, и податоците за првиот квартал од оваа година упатуваат на солиден раст на извозот.

Ова, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на вебинарот посветен на улогата на монетарната политика во периодот на корона-кризата и на макроекономските проекции за 2021 година, организиран од Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип (УГД). Е-настанот го отворија проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, деканката на Економскиот факултет при УГД, проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска и проф. д-р Дарко Лазаров.

Во воведниот дел на презентацијата, осврнувајќи се на глобалниот амбиент и видувањата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Ангеловска-Бежоска, посочи и на значењето на глобалниот амбиент за извозната активност на македонската економија.

„За нас, како мала економија, од клучно значење е закрепнувањето на глобалната економија, односно на нашите најзначајни трговски партнери. ММФ превидува раст на европската економија од 4,4%, а 3,6% за германската економија на која отпаѓаат над 50% од нашиот извоз. Особено е значајно што се очекува солиден раст на германската индустрија поради вклученоста на домашните производствени капацитети во германските синџири на производство на автомобили.” – истакна гувернерката.

Таа посочи дека ризиците за проекцијата се главно поврзани со времетраењето на пандемијата, спроведувањето на процесот на вакцинација, продолжувањето на мерките за поддршка на економиите, како и брзината на враќање на довербата и стабилизирањето на очекувањата кај потрошувачите и инвеститорите.

Во излагањето, Ангеловска-Бежоска даде компаративен осврт на реакциите на носителите на монетарната и на фискалната политика кај нас, во регионот и на глобално ниво, од избувнувањето на пандемијата наваму, како и на досегашните видувања за постигнатите ефекти. Потоа, таа го претстави макроекономското сценарио на Народната банка за периодот 2021-2023 година, задржувајќи се одделно на сите клучни сегменти – очекувањата за економскиот раст, движењата на цените, билансот на плаќања и очекуваниот депозитен и кредитен раст.

„Се очекува дека 2021 година ќе биде година на постепено закрепнување на домашната економија, при што економскиот раст ќе биде поддржан и од банкарскиот систем. Економскиот раст нема да предизвика поголеми притисоци врз инфлацијата, којашто главно би се задржала на умерено ниво.” – истакна гувернерката во завршницата на излагањето, по што ги напомена и ризиците за проекциите, посочувајќи дека Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата.

Особено радува што на вебинарот зедоа учество голем број студенти. Во дискусијата, тие учествуваа со бројни прашања, коишто придонесоа за темелни аналитички согледувања на состојбите во економијата и очекувања за следниот период.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ангеловска бежовска
Претходен напис Април со потпросечни температури на воздухот, забележани и врнежи од снег
Следен напис Франција влезе во рецесија во првиот квартал од годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?