Луксузното пловечко одморалиште „Sea Palas“ наскоро ќе се отвори во Дубаи.
Ресортот вреден 164 милиони долари ќе се состои од пловечки хотел и 12 вили. Секоја од нив ќе може да се оддели и да плови независно од хотелот и сите ќе имаат покрив со надворешен базен, четири спални соби, кујна и дневна соба.
Колин Гери, директор на пристаништето Ал Џазира, изјавил дека проектот започнал пред три години во соработка со бродоградилиштето Сигајт.

Извршниот директор на споменатото бродоградилиште Мохамед ал-Бахрави објаснил како се граделе вилите.
– Користевме челик за да го изградиме проектот. Сакавме вилите да добијат комплетен дизајн, како бродови. Вакво нешто никогаш порано не е направено. Хотелот се напојува од соларна енергија, станица за отпадна вода, станица за рециклирање ѓубре и целосно зелено опкружување.
Првата вила од 12-те величенствени, неодамна исплови од пристаништето Рас и се упати кон Дубаи, нејзината крајна дестинација од која ќе привлекува туристи, и тоа само оние со подлабок џеб.

Ако сакате да поминете 10 дена во „ Si Palas“ тоа десетдневно задоволство ќе ве чини најмалку 6.000 евра.
