Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Четири милиони евра од ЕБОР за малите и средните претпријатија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Четири милиони евра од ЕБОР за малите и средните претпријатија
Агровести

Четири милиони евра од ЕБОР за малите и средните претпријатија

Објавено 25/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Четири милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе бидат достапни на малите и средни препријатија за инвестиции во конкурентност преку Охридска банка.

Како што информираат од ЕБОР, малите и средните претпријатија ќе можат да добијат техничка помош, вклучувајќи и советодавна поддршка преку ЕБОР. По успешно завршување на инвестицијата, ќе се стекнат со право на повратен грант од 15 отсто од вкупната сума на кредитот, обезбеден од Европска Унија.

Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање, а Европската Унија која обезбедува техничка помош и грант. Целта е да им се помогне на малите и средните претпријатија во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.

-Ги поддржуваме малите и средните претпријатија во Северна Македонија, а со потпишувањето на новата кредитна линија со Охридска банка го подобруваме пристапот до добро структуирано финансирање и советодавни услуги кои ќе им помогнат да напредуваат. Заедно со ЕУ, преку нашата успешна Програма за поддршка на конкурентноста на МСП, поддржавме над 120 МСП со комбинирано финансирање во износ од над 30 милиони евра и се надеваме дека уште голем број МСП ќе имаат корист од оваа поддршка, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Според евроамбасадорот Дејвид Гир пристапот до финансии е основа за идниот раст и развој на малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија.

-Ова е дел од нашата поддршка во постојаните напори за промовирање на бизнис климата за МСП, како и натамошно стимулирање на условите за креирањето на работни места и економско опоравување – изјави Гир.

Нина Недановска, претседател на менџерскиот борд на Охридска банка АД Скопје истакна дека со ова кредитирање продолжува поддршката на малите и средните претпријатија и им нудат пристап до финансирање и можност за инвестирање во модернизација, прогрес и развој, особено, како што вели, во овие времиња на предизвици.

-Комбинацијата на кредити и грантови финансирани од ЕУ, се докажа како силна алатка за охрабрување на МСП да бидат поконкурентни како на локалните, така и на странските пазари, истовремено правејќи позитивен импакт на домашната економија. Се надеваме дека нашето континуирано партнерство со ЕБОР ќе ни помогне да креираме поуспешни локални бизниси и ќе го поттикне претприемачкиот потенцијал – изјави Недановска.

ЕБОР досега во Северна Македонија има инвестирано над 2,14 милијарди евра во преку 145 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:ЕБОРкредитМСП
Претходен напис Малта – прва во Европа со колективен имунитет од ковид-19
Следен напис Се оди до други места за да се полни вода за пиење и покрај огромните водни потенцијали на Шар Планина и Полошка Котлина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?