Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се сади новата реколта тутун, очекувањата поголеми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се сади новата реколта тутун, очекувањата поголеми
Агровести

Се сади новата реколта тутун, очекувањата поголеми

Објавено 24/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во тек е расадувањето на тутунот од новата реколта и тутунарите ги засадуваат речиси истите количества.

Меѓу нив е и Николче Мирчески, тутунопроизводител од Беровци, Прилепско кој вели дека не се откажува од тутунот, но сака реално да биде платен. Годинава е сушна.

-Садам околу 25 декари тутун, исто како лани. Очекуваме да биде подобро годинава. И класата да биде подобра. Од тутунот не се откажувам, очекувам како лани производство од 4 до 5 тони. Времето е посушно од лани, сметам на подобар квалитет. Цената да биде над 200 денари за килограм – вели Мирчески.

За оваа година се склучени 27 650 договори со откупувачите за производство на 22 137 тони тутун. Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, количествата се незначително намалени и тутунарите остануваат со производството на оваа индустриска култура.

– Сега е во екот на садењето на новата реколта тутун. Планираното производство е нешто помало од ланското, но е солидно. Ако лани беа договорени 22 900 тони, сега се договорени 22 137 тони. Има благо намалување. Ако годинава биде сушна, може и помалку количества да се произведат. Лани поради дождовите се произведе повеќе и го имаше вишокот тутун, вели Стомнароски.

Стомнароски не сака да се навраќа на ланската катастрофална година, очекува постабилно и поквалитетно производство кое треба да донесе повисока цена. За да не се повтори ланската реколта, се бара промена на правилникот за тутун и повисоки цени. Средба со Министерството и со откупните претпријатија од Сојузот очекуваат наредниот месец.

-Очекувам да имаме средби наредниот месец со Министерството за земјоделство, со откупувачите. Нашето барање за промена на правилникот за тутун е доставено до Министерството. Мора да се измени правилниот за да се стави крај на тоа ценење по шифри. Мора да се укинат дополнителните класи, тутунот да се цени во три класи и една збирна, како четврта класа во која ќе биде сиот друг квалитет. Има расположение за тоа. Со ковид-ситуацијата работите се одложени, но најавено е да имаме средба наредниот месец, вели Стомнароски.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:прилеп
Претходен напис (Видео+фото) Лавата од вулканот Њирагонго усмрти најмалку 15 луѓе, а повеќе од 170 деца се водат како исчезнати
Следен напис Времето денеска сончево и топло со температура до 33 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?