Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Ако има неправилности при увозот на мазутот документите ќе му ги предадеме ЈО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Ако има неправилности при увозот на мазутот документите ќе му ги предадеме ЈО
Агровести

Бектеши: Ако има неправилности при увозот на мазутот документите ќе му ги предадеме ЈО

Објавено 21/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во моментов ги собираме сите информации за увозот и дистрибуцијата на сомнителниот мазут и кога ќе ги имаме сите податоци ќе ја информираме јавноста.

Ако не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати документите ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Потоа согласно законите Јавното обвинителство ќе покрене соодветни процедури, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање пред промоцијата на проектот „Национална платформа за женско претриемништво”.

Потенцира дека веднаш откако излезе истражувањето на ИРЛ, во координација со Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, подготвиле заклучоци во Владата, кои, како што рече, веќе се усвоени.

-Сите институции, почнувајќи од Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени согласно заклучоците да ги достават сите информации, рече Бектеши.

Сите правилници на Министерството за економија, додаде, потполно се хармонизирани со барањата на Европската комисија и на Енергетската заедница и во делот на сулфурот и во делот на другите карактеристики кои се проверуваат согласно македонскиот стандард MKS X 430.

-Не е само еден параметар кој треба да се контролира, туку се седум или осум,прецизира Бектеши.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БектешиМазут
Претходен напис Се чистат речните корита и поројот во општина Василево
Следен напис Следува претежно сончево и потопло време, температурите и над 30 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?