На барање на Сојузот на одгледувачи на овци, денеска во просториите на МЗШВ, одржавме заеднички состанок, на кој разговаравме за проблемите со кои се соочуваат. Исто така, тема на дискусија беше и драфт верзијата на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште и Законот за Пасишта, информира министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
На состанокот се согласивме дека министерството ќе превземе институционални мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат сточарите, и дека од средината на следниот месец ќе бидат извршени сите исплати на субвенциите од сите мерки.
Ги замолив да имаат разбирање за доцнењето, кое е резултат на ситуацијата создадена од глобалната пандемија предизвикана од вирусот Ковид -19.
На сточарите им ги објаснив и придобивките што можат да ги користат од новиот Закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, како и од Законот за пасишта.

Вратите на министерството отсекогаш биле отворени за сите земјоделци, а ние како министерство ќе се заложиме да го направиме нашето земјоделство конкурентно во регионот но и пошироко.Продолжуваме понатаму заедно и уште поенергично !
Фејсбук статус на Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

