Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Георгиески: Уривањето на дивоградбите од плажите на Охридското Езеро продолжува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Георгиески: Уривањето на дивоградбите од плажите на Охридското Езеро продолжува
Агровести

Георгиески: Уривањето на дивоградбите од плажите на Охридското Езеро продолжува

Објавено 18/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, најави продолжување на активностите за отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро. Тој посочи на владината одлука со која се задолжува ЈП „Македонски пат“ да отстапи дел од својата механизација за потребите на Општина Охрид во справувањето со дивоградбите и нелегално поставената опрема на крајбрежјето.

Притоа Георгиески ги отфрла обвинувањата на одреден дел поранешни концесионери дека се постапува селективно.

– Уривањето на дивоградбите се врши неселективно и согласно одредена динамика. Сите објекти од плажите на кои се истечени договорите за концесија ќе бидат отстранети. Работиме на терен, оваа седмица ќе стигне дополнителна механизација, обезбедни се и дополнителни три милиони денари за уредување на плажите така што очекувам до 15 – 20 јуни да биде завршено – изјави Георгиески.

Тој појасни дека се работи за објекти на плажите што биле издавани под концесиски договори, а на кои им се истечени договорите.

– На сите нив им се изминати договорите, истите не се продолжени, а им се дадени решенија за остранување. Никој од нив ова лето не смее да продолжи да врши каква било дејност затоа што на тој начин се врши узурпација на државно земјиште, стекнување на противправна имотна корист, што ние како Општина нема да го дозволиме – рече Георгиески.

По однос новиот Закон за легализација што не беше парафиран од претседателот на државата, градоначалникот на Охрид повтори дека тој не го опфаќа Охридскиот регион така што, според Георгиески, неговото донесување или недонесување не менува ништо кога е во прашање Охрид и околината.

Општина Охрид после велигденските и првомајските празници ги продолжи активностите за отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро. Притоа со механизација се отрануваше урбана опрема на потегот од крајбрежјето после хотелот „Метропол“ кон Лагадин.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ohridохрид
Претходен напис „Градска жетва на Виена“ – нов локален бренд на земјоделската комора на Виена
Следен напис Бочварски: Бараме предлози како да го подобриме Законот за дивоградби
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?