Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од полноќ пониска цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од полноќ пониска цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти
Агровести

Од полноќ пониска цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти

Објавено 17/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за 0,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 проценти.

Според одлуката на Комисијата, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.

Од утре ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 68,00 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 по 70,00 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 денари/литар, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 денари/литар и Мазут М-1 по 34,596 денари/килограм.

Како причини за ваквата одлука на малопродажните цени на горивата од РКЕ го наведуваат тоа што во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82 проценти, кај дизелот има зголемување за 1,048 проценти и кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,35 проценти, додека кај мазутот има намалување за 1,856 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,522 проценти.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бензин
Претходен напис Комисијата за заразни болести со препорака рестрикциите да останат исти
Следен напис Заев: Инвестицијата на „М6 Аграр“ и „Тиквеш“ во нови лозови насади на 120 хектари создава услови и за производство на квалитетни македонски вина за освојување на светските пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?