Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Итно да се донесе пакетот закони од областа на управување со отпад, инсистира Асоцијацијата при Стопанската комора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Итно да се донесе пакетот закони од областа на управување со отпад, инсистира Асоцијацијата при Стопанската комора
Агровести

Итно да се донесе пакетот закони од областа на управување со отпад, инсистира Асоцијацијата при Стопанската комора

Објавено 17/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Старите закони од областа на управување со отпад кои се уште се на сила, не кореспондираат со реалноста што ја имаме денес во земјава и се базираат на нереални цели за рециклирање, кои дури и поразвиени земји од нашата, кои започнале со селекција пред 20 години, не можат да ги исполнат.

Ова денеска на прес-конференција го изјави Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија, кој апелираше да се донесе пакетот закони, бидејќи со тоа, како што рече, се заокружува целиот систем на управување со отпад во земјава.

Како што појасни, станува збор за пет закони – Општ закон за управување со отпад; закон за управување со пакување и отпад од пакување; закон за управување со електронска и електрична опрема; закон за управување со отпадни батерии и акумулатори и законот за проширена одговорност на производителите, односно колективните постапувачи.

– Доколку останат старите закони, се врши оценка на колективните постапувачи по основ на нив. Ќе се доведеме во ситуација да бидат казнети над 1.500 компании кои во овие 10 години плаќаат за управување со отпадот, наспроти некаде повеќе од 6.000 компании кои пуштаат на пазарот 38 посто од вкупниот отпад по пакување, а не плаќаат никаде овие 10 години, вели Ивановски.

Старите закони доколку останат на сила, додаде, ќе ги казнат оние кои го почитуваат законот и се трудат да направат нешто видливо за животната средина, а ќе ги амнестира и ќе продолжи да ги амнестира компаниите кои не плаќаат.

– Со ова се доведува во прашање и конкурентноста на фирмите кои легално работат и кои имаат трошоци кои финансираат системи за собирање, наспроти оние кои не го почитуваат законот и немаат трошоци за собирање и управување со отпад, заклучи Ивановски.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:отпад
Претходен напис Се поставува урбана опрема на кејот во Охрид, продажба на производи само од типизирани куќарки
Следен напис Комисијата за заразни болести со препорака рестрикциите да останат исти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?