Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ТИРЗ: Продолжува растот, извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ТИРЗ: Продолжува растот, извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра
Агровести

ТИРЗ: Продолжува растот, извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра

Објавено 17/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7% повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 55 милиони евра и е за 67% зголемен во однос на истиот период лани односно речиси 27% во однос на 2018 година.

Компаниите активни во зоните и понатаму остануваат носители на извозот во земјава со учество од речиси 47% во вкупниот извоз. Ова покажува дека иако овие компании беа најпогодени од кризата, демонстрираа висок потенцијал за брзо опоравување, што се должи и на таргетираните мерки и механизми за поддршка од ТИРЗ и државата.

Во однос на увозот, во првите четири месеци од 2021г вкупниот увоз изнесува над 1 милијарда евра и е за 85% зголемен во однос на истиот период лани односно 37 % во однос на 2018г. Само во април увозот во зоните достигна 318 милиони евра што е за 23,6% повеќе споредено со март.

Трендот на раст на увозот е поврзан и со зголемената инвестициска активност во зоните. Само во првите четири месеци од годинава се потпишани договори со пет компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра.

Поради ваквиот тренд покриеноста на увозот со извозот е речиси изедначена. Во април 2021 нето извозот е во незначителна позитива од 0.10%, додека на државно ниво за првиот квартал овој однос е -24%.

Редовната месечна анализа на Дирекцијата за ТИРЗ за април покажува дека бројот на вработени во зоните останува стабилен. Во овие компании работат околу 14.000 лица, а во дел од нив веќе се спроведуваат процедури за отворање нови работни места.

Се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и во следниот период со оглед на најавите од ТИРЗ дека веќе се преговара со над 20 компании за обем на инвестиции над 300 милиони евра и отворање на нови 5500 работни мест, соопштуваат од ТИРЗ.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:ТИРЗ
Претходен напис Нивото на поголем дел од реките под мајскиот просек
Следен напис Се поставува урбана опрема на кејот во Охрид, продажба на производи само од типизирани куќарки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?