Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Министерот исто така најави дека за 25 дена ќе биде објавен нов ист таков јавен оглас за закуп на големи земјоделски површини.
Веќе во текот на месец јуни ќе биде објавен Јавен повик за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари. Министерот Хоџа напомена дека на сите апликанти по овој повик ќе им бидат прифатени елаборатите што ги изготвиле и со кои аплицирале на истиот ваков јавен повик кој беше објавен пред околу година и пол.
