Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рудникот „Казандол“ во моментов не претставува опасност за животната средина и локалното население
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рудникот „Казандол“ во моментов не претставува опасност за животната средина и локалното население
Агровести

Рудникот „Казандол“ во моментов не претставува опасност за животната средина и локалното население

Објавено 11/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 4 мај Државниот инспекторат за животна средина изврши надзор на локацијата на рудникот „Казандол“, по претставка на граѓански организации од Валандово кои побараа да се утврди дали на локацијата има потенцијална опасност за животната средина и околните населби, имајќи предвид дека не е познато во каква состојба се отворените копови и цистерните за сулфурна киселина.


Владата во 2018 година еднострано го раскина Договорот за концесија, заради неисполнување на условот од договорот од страна на концесионерот во рок од две години од добивање на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда.

Оттогаш нема активности на локацијата, а изградбата беше запрена. Објектите и опремата на локацијата се чуваат од страна на поранешниот концесионер. Покрај физичкото обезбедување, започната е стечајна постапка, која не може да продолжи бидејќи во тек е постапка за арбитража иницирана од страна на поранешниот концесионер кој побарува оштета од државата.

На надзорот беше утврдено дека резервоарите за складирање сулфурна киселина се празни. Објектите и опремата се сè уште во добра состојба, освен што е откорната и оштетена покривната конструкција од производната хала. На отворено се чуваат заштитната фолија во ролни и вреќите со минерална подлога за заштита на подземните води, а се поставени на одлагалиштето на кое требаше да се врши лужење на руда со сулфурна киселина. Под одлагалиштата се лоцирани повеќе ископи за јаловишта и хавариско езеро. Првиот ископ е обложен со заштитна фолија и е исполнет со вода, а во езерцето има жив свет, додека останатите ископи не се исполнети со вода. На теренот – во објектите и надвор од нив, нема складирано хемикалии.

Од увидот на терен се констатираше дека на локацијата на која се наоѓаат објектите во состав на рудникот „Казандол“, во моментов нема опасност за животната средина, околните насади и здравјето на локалното население.

Државен инспекторат за животна средина

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:казандолрудник
Претходен напис Синдикалната кошница во април зголемена за 204 денари во однос на март
Следен напис Времето денес сончево со температура до 29 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?