Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува Делфи економскиот форум во Атина, ќе учествуваат Заев, Димитров и Нуредини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува Делфи економскиот форум во Атина, ќе учествуваат Заев, Димитров и Нуредини
Агровести

Почнува Делфи економскиот форум во Атина, ќе учествуваат Заев, Димитров и Нуредини

Објавено 10/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со над 1 000 учесници од 42 земји, меѓу кои и од Северна Македонија, со 372 сесии на различни теми, од денеска до 15 мај во Атина ќе се одржи шестиот Делфи економски форум, кој оваа година, поради пандемијата, ќе биде во хибриден облик, а само мал дел од учесниците ќе бидат со физичко присуство, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјалната агенда, на панел дискусии ќе учествуваат претседателот на Владата Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Учеството на премиерот е закажано за во четврток кога ќе дискутира со уредникот на „Катимерини“ Атанасиос Елис, а како што вчера соопштија од Влада, Заев во Атина ќе пристигне заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за економија Крешник Бектеши.

Претседателот на Владата ќе се сретне со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, а на маргините на форумот ќе има одделни средби со лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, со поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, како и со други политички претставници од меѓународната сцена и со претставници на компании и стопански комори.

Вицепремиерот Никола Димитров, исто така, во четврток заедно со шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис, со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтијадис Варвициотис и со универзитетски професори ќе дискутираат за дипломатијата на малите држави, додека пак еден ден подоцна, во петок, Димитров ќе учествува на панел дискусија заедно со ЕУ комесарот за проширување Оливер Вархеји на тема „ЕУ и Западен Балкан: исполнување на долгоочекуваното ветување“.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, извршниот потпретседател на ЕК Франс Тимерман и министерот за енергија и животна средина на Грција Костас Скрекас, на панел дискусија, утре ќе говорат за „Европскиот зелен договор“.

На денешното отворање на форумот, ќе се обрати претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, заедно со нејзините колешки – претседателките на Естонија и Словачка, како и потпретседателот на ЕК и поглаварот на Грчката православна црква.

Денеска во Атина е и премиерот на Шпанија Педро Санчез, кој ќе учествува на дискусија со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а ќе остварат и билатерална средба.

Економскиот форум е под покровителство на грчката претседателка, традиционално се одржува во градот Делфи, но оваа година поради Ковид-19 ќе биде во палатата „Запио” во Атина, а ќе се следи онлајн.

Предвидено е учесниците, на над 300 сесии да дискутираат на десет различни теми како што се геополитиката и меѓународната безбедност, светската економија, иднината на Европа, здравството, климатските промени, општеството, образованието, културата итн.

Оваа година, голем дел од форумот ќе биде посветен на јубилејните 200 години од грчката револуција.

Економскиот форум Делфи е независна и непрофитна организација со меѓународен карактер, каде секоја година се среќаваат престижни личности од економијата, политиката и академската заедница.

Целта на Форумот е да претстави реална рамка на цели и активности, да се бараат политики за справување со глобалните предизвици и да се најдат соодветни решенија за сложените и меѓусебно зависни прашања со кои се соочува Грција, Југоисточна Европа и Источниот Медитеран.

На прес конференција пред 20 дена кога беше презентирана програмата и беа соопштени детали, претседателот на Делфи економскиот форум Симеон Цомокос, откри дека планирано е да организираат настан во Скопје на крајот на јуни.

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:делфи
Претходен напис (Видео) Крава и теле паднале од „пливачката фарма“ во Ротердам, ги спасувале итни служби
Следен напис Олабавување на рестриктивните мерки од 12 мај, предлага Главниот координативен штаб
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?