Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промовиран проектот за уредување на Бислимска клисура, Кумановско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промовиран проектот за уредување на Бислимска клисура, Кумановско
Агровести

Промовиран проектот за уредување на Бислимска клисура, Кумановско

Објавено 10/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вчера го промовираа проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим“. Спортистите и рекреативците имаат можност да користат кајаци, велосипеди, мотоцикли.

Бислимска клисура на овој начин станува атрактивно туристичко место за љубителите на алтернативниот, авантуристички туризам. Набавката на опремата ја обезбеди Швајцарската амбасада, Министерството за локална самоуправа, инвестирани се скоро осум милиони денари. Опремата преку „ЛАГ Абер 2015“ ја даде на стопанисување на „Вертикал травел“ од Скопје, кои преку „Оutdoor adventure Macedonia „ќе понуди опрема за активности и услуги за спортистите и рекреативците.

– Ние како Министерство, заедно со швајцарската амбасада набавивме 15 опремени кајаци, коишто можат да ги користат лицата со посебни потреби, набавени се по осум машки и женски велосипеди, шест електрични велосипеди и два мотори со погон на четири тркала, дополнителна опрема која ќе се користи за разновидни содржини, велосипедизам, алпинизам, изјави Милевски.
Тој смета дека овој неискористен потенцијал за развој на туризмот ќе поттикне нови инвестиции и во селото Пчиња и во поширокиот регион, ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи и од државата и странство, ќе се развие и локалната економија.

Амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер, истакна дека ова е едно од најубавите места на северот од земјата, чија природа, бои, капри, река пленат со убавина и изрази задоволство што амбасадата како партнер учествува во промоција и развој на Бислимска клисура.

– Мошне сум задоволна и горда што во изминативе неколку години соработката со Министерството за локална самоуправа навистина напредна и е прекрасно искуство во моментов. Благодарност и до градоначалникот на Куманово за подготвеноста вакви иницијативи и да го поддржува понатамошниот развој на Бислисмска клисура, изјави Зутер.

Бислимска клисура нуди и патеки за искачување по капри, а важна е за целиот североисточен регион.

– Нашата цел како општина и како североисточен регион е да го искористиме потенцијалот на Бислимска клисура за развој на туризмот, рече Димитриевски.

Тој се заблагодари на амбасадата и на министерството за поддршката и најави поддршка за ентузијастите кои го промовираат ова место. Голем број рекративци, велосипедисти, професионалци, спортисти, денеска ја посетија клисурата.

Дел од нив се качуваа на карпите, други возеа по стрмните патеки, а поголем дел беа семејства кои уживаа во прошетките на ова туристичко место.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Претходен напис Илјадници Французи протестираа против климатските промени
Следен напис Охридско Езеро и Студенчишко Блато номинирани како трето и најголемо Рамсар место во државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?