Пред една година, 33-годишната Одри Рашел живеела во четворособна куќа и водела свој оансион за кучиња. На крајот на денот, им ги враќала кучињата на нивните сопственици, но била посветена на грижата и посвојувањето на напуштените животни и кучиња скитници.
За жал, имало толку многу напуштени животни и не можела да им помогне на сите.

Како голем љубител на животни, сакала радикално да го смени својот живот.
Ја продала куќата, се откажала од својата работа и се преселила во куќа стара 200 години, поставувајќи си приоритет да се грижи за напуштените животни.

И досега не се покајала.
„Засолништето за напуштени животни го отворив пред една година. Згрижив многу животни во мојот живот, но бев ограничена. Сакав да имам повеќе време за нив, повеќе простор за нивното сместување и повеќе пари да потрошам за нивните потреби“, вели Одри.

Се преселила во својата нова куќа во февруари 2020 година, но го проширила и имотот што го купила во близина.

Купила уште една куќа за нејзината сестра за да може и таа да се пресели и да и помага. Засолништето, во меѓувреме, станало непрофитна организација што може легално да прифаќа донации од други љубители на животни кои сакаат да се грижат за нив.
Извор: inspiremore.com
