Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хрватска: Каде престанува приватното, а почнува јавното? Имаат ли мртвите поголеми права од живите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Хрватска: Каде престанува приватното, а почнува јавното? Имаат ли мртвите поголеми права од живите?
Рурален Развој

Хрватска: Каде престанува приватното, а почнува јавното? Имаат ли мртвите поголеми права од живите?

Објавено 05/05/2021
Сподели
9 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Пред некоја година во летната сезона на годишни одмори водев една помала група на Скандинавци во посета на нашите винарии на крајот на Задар. Во попладневниот одмор со цел запознавање на делови од нашата енолошка сцена, краток одмор од нашиот најголем извозен производ, сонце и море.

И се возиме така ние низ кривулестите патишта на Рамен Котор, полузапуштени места, минуваме низ населби во кои воените разурнувања се сè уште видливи и во еден момент ме прашува еден од нив, Швеѓанец, гледајќи ги разурнатите објекти: „Ведране, што е ова?“

И почнувам јас на нив да им објаснувам, го проширувам контекстот од Адам и Ева , им зборувам за случувањата од тие 90-ти години, па избувнала војната, па дека токму тука била линијата на разделување, рецитирам некои временски рамки и детали, кои тие внимателно ги следат климајќи со главите во знак на разбирање. И кога го завршив тој свој краток монолог на тема историски случувања, после кратка пауза, ми возвраќа исто тој Швеѓанецот со прашање: „Добро, ама тоа било пред скоро триесет години!?“.

Кога ја аксептирав таа негова реченица, повеќе не знаев што би им кажал. Човекот кажа една толку едноставна и рационална мисла, со која во делови го руши моето образложение, но и логичка поставка на истите.

Ме збуни со фактот дека не е нормално во третото десетолетие после војната да се користи истото како изговор. До кога ќе биде тоа така? Кога тие теми ќе ги ставиме настрана? Кога ќе имаме спроведливи просторни решенија и добра пракса за проблемите на руралните подрачја?

Неколку месеци подоцна, по семејна причина истото лето се затекнувам на Корчула. На островот со толку богата историја, неверојатни краишта, потенцијали и производи, еден ден го посетивме и Блато, прочуено место скриено во внатрешноста. Одејќи по тесните улици на тоа некогаш важно аграрно седиште надвор од туристичката сезона и денес се јасно видливи размери на последиците од катастрофата која во многу краток рок на почетокот на 20 век населението го рассели ширум светот. Легендата вели дека филоксерата направила денес трипати повеќе Блачани да има во Сиднеј (Австралија) отколку на самиот остров.

Додека тие наши емигранти одамна умреле, нивните празни објекти се уште тука. Чекаат, само не е јасно – што, кога и каде? Го чуваат споменот на минатото и истовремено ја кочат иднината на истата средина. Околу нив се крие цел сплет на сложени правни формулации, чија употребливост така доаѓа под знак прашалник. Бидејќи ги бркаат малдите, ги обесхрабруваат потенцијалните доселеници, развиваат чувство на немоќ и апатија кај дел од преостанатите жители.

Првите денес лесно гледаат подобро средена социјала и бираат промена, другите мораат да бидат лудо богати и упорни за да се одлучат за авантура и да направат чекор, додека побројни се третите кои се препуштиле на бранот. Неретко во тие средини премалку се оние четвртите, оние кои можат да ја повлечат напред.

Колу и да звучело морбидно ова, постоечката состојба сугерира дека селата на поедини далматински острови, Загора, Лика, Кордун или западна Славонија може денес единствено да ги спаси земјотрес, токму како што неодамна се случи на Бановина. Тоа е поразителна изјава која е патентирана во пресрет на 30-годишнината од нашата независност.
‘Загреб’, имаме проблем! Брзината на промени не е на трага на потребите за развој на современото друштво.

На кого му одговара статус кво?

Се чудиме дека поединци дедовнината ја менуваат за град или странство. Кој може да им замери? Зошто да се очекува да живеат во опкружување на духовите од минатото и малодушноста на ретките преостанати жители?

Кога во Блато на Корчула дури секоја трета куќа има и жители, кога во ридските делови на Славонија имаме стравични предели, кога домашните животни во Лика и далматинската позадина стануваат егзотична појава, кога бројот на жители во голем број на малите населби е близок на нула?

Гледајќи ги тие полуразрушени и напуштени обејкти, се наметнува прашање што да се направи? Се поставува и прашањето – зошто досега не сме преземале ништо? Колку уште години треба да поминат за проблемите да ги идентификуваме и да почнеме да ги решаваме?

Првите аргументи за нерешавање се неповредивоста на правата на сопственост. Ако постоечката состојба се брани со таа уставна категорија, доаѓаме до следните прашања: Каде престанува тоа, а почнува јавното? Имаат ли мртвите поголеми права од живите? Кому му одговара статус кво?

Сопственоста носи и обврски

Кога одиме по на запад, гледаме дека тоа не мора да биде така. Селата во соседна Словенија не ја делат ваквата судбина, токму како и австриските во кои, рака на срце, со разни демографски трендови, постојат и нешто поинакви правила на игра. Заклучок е дека разликата, освен во окото на набљудувачот, се наоѓа во луѓето, ставовите, економската развиеност, степенот на социјалнитот развој и регулација. Носителите на сопственичкото право и нивните корисници се должни да придонесуваат за општото добро.
Кога од уставните хартии ќе се вратиме во реалноста, се наметнува прашањето: кому тука му е нешто добро воопшто, кога станува збор за урнатините?
Зошто ги толерираме урнатините кои претставуваат опасност за луѓето, кои го нагрдуваат просторот? Кои се на конец и ја рушат вредноста на околните недвижности?

Во разговор со странските колеги на истата тема нивните решенија се чинат логични. Еден искусен аграрен новинар од Холандија ми вели дека нивната основа на постапување во таквите случаи е во дозволата за градба. Објектот се руши ако неговото псотоење не ја исполнува улогата во просторот издадена со дозвола за градба. Во превод, ако куќата е урнатина, со самото тоа не ги исполнува условите за живот и заедницата ја отстранува.

Зошто кај нас тоа не е случај?

Полно регистри, килав простор?

Такви објекти ширум Хрватска се илјадници, а работата да биде поинтересна, никој ниту го знае нивниот денешен број. Во подготовка на оваа тема прашавме разни институции за еден релевантен податок стар 10 години, оној од Државниот завод за статистика, настанат во склоп на пописот на населението.

Тој вели дека тогаш сме имале 2.246.910 станбени единици од кои 342.349 привремено ненаселени и 73.994 напуштени, а од кои ги имаме и тие 262.769 кои се користат повремено. Во превод дури 18.5% трајно немаат жители, по што сме најлоши и во ЕУ?

Одамна напуштено, распадното, опасно, чека – кого?

Парадоксот на бројните недвижности без луѓе, а истовремено бројни луше без недвижности не е поврзан само со РХ. Гледајќи преку граница, слични примери можеме да најдеме главно во земјите на Медитеранот, Италија, Шпанија, Малта, Грција, што сугерира дека станува збор за менталитет и степен на развој на друштвото (?).

Како последица на нашите Закони за наследство денес во некои средини имаме запуштени и економски неодржливи земјишта и куќи со голем број косопственици. Исто секако штети на сопственици кои поради сложените односи тешко можат да ја продадат недвижноста но и државата која со тоа е непривлечна за инвеститорите, а што е кочница за развој на тоа што го зборуваме.

Кој ја сноси одговорноста ако „ничиј“ руиниран објект се урне и убие некого од мештаните или некој турист? Кој од тоа има корист? За кого е тоа добро? Чиј интерес е тоа? За околината? За природата? За здравјето?

Тешко е да се разбере како во шумата на правила сме ја изгубиле смислата. Смислата за која уште пред 100 години пишувал нашиот најпознат шумар, Јосип Козарац.

Колку време уште треба да помине за да се соочиме со тие предизвици на нашите мртви капитали, особено кога е јасно дека секој ден чекање дополнително ја комплицира иднината?

Преземено од: agroklub.com

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213 – Поддршка за зачувување на руралните предели
Таг:рурален развој
Претходен напис Времето денеска облачно со краткотраен дожд
Следен напис Во Делчево преку Источно-плански регион во 2020 реализирани проекти од над 20 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?