Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто оревот е отровен и зошто не треба да се засадува во близина на куќата?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Зошто оревот е отровен и зошто не треба да се засадува во близина на куќата?
Магазин

Зошто оревот е отровен и зошто не треба да се засадува во близина на куќата?

Објавено 27/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Покрај големиот број корисни својства што ги има оревот, во продолжение ќе зборуваме за неговите негативни особини.

Уште нашите далечни предци го сметале оревот за депресивно дрво и верувале дека повеќето самоубиства се случиле токму под него. Иако денес многумина би рекле дека таквото сознание се заснова на суеверие, современото истражување сепак укажува на одредени недостатоци на ова растение. За што се работи?

Оревот содржи хемикалија наречена хидројуглон, која од корените ја излачува во почвата. Овие хемикалии се наоѓаат и во лисјата и во другите делови на оревот – гранчиња, кора, цвет, лушпата на плодовите. Хемикалијата хидројуглон, кој инаку не е отровен, во контакт со кислород оксидира во високотоксичен југлон.

Чувствителните растенија што се одгледуваат во близина на оревите, поради тоа венеат, пожолтуваат или воопшто не напредуваат во растот, бидејќи југлонот ги спречува да ја добијат енергијата потребна за метаболичка активност.

Не треба да се засадува орев во близина на куќата. Освен што ја блокира светлината, оревот има исклучително силен корен што честопати може да го подигне бетонот околу или под куќата. Експертите советуваат дека оревите не треба да се садат во близина на паркинзите или куќата поради темелите. Имено, неговиот корен оди и до пет метри во длабочина.

Што да се одгледува а што не под оревот?

Исто така, во близина на оревот, треба да одгледувате растенија кои не се чувствителни на југлон, односно да избегнувате сеење и садење на оние кои се чувствителни.

Зеленчук чувствителен на југлон: домати, пиперки, компири, модар патлиџан, зелка, аспарагус, краставица.

Цвеќиња: петунија, нарцис, хризантема, хортензија, лилјани, азалеја.

Дрвја: јаболко, круша, вишна, капина, боровинка, бел бор, црвен бор.

Растенија кои не се толку чувствителни се пченка, грав, кромид, репка, моркови, тиквички, винова лоза, праски, нектарини, цреши, сливи, јапонски јавор, невен и други.

Ако мора да одгледувате растенија во близина на орев, тогаш решението е во повисоките цветни леи. Важно е да се обезбеди добра дренажа и да се отстранат цветовите, лисјата и другите делови на оревот од цветните леи.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:одгледувањеорев
Претходен напис Во велешко пошумени 16,5 хектари
Следен напис „Гересхајмер“ отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?