Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Гересхајмер“ денес ја отвора фабриката во ТИРЗ Скопје 2
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Гересхајмер“ денес ја отвора фабриката во ТИРЗ Скопје 2
Агровести

„Гересхајмер“ денес ја отвора фабриката во ТИРЗ Скопје 2

Објавено 27/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација на германската фабрика „Гересхајмер“, предводена од потпретседателот Оливер Бургел, на средба со премиерот Зоран Заев ги презентирала плановите за инвестиции на компанијата во земјава, при што најавила и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели, информираше вчера владината прес-служба.

Средбата, како што соопштуваат, е во пресрет на денешното официјално отворање на фабриката „Гересхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2.

Премиерот Заев, велат од Владата, ги поздрави заложбите за инвестиции на „Герeсхајмер“ во земјава, кои значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, што ќе влијае на севкупниот економски раст.

-Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Како резултат на добрата деловна клима во земјата и поддршката на Владата, делегацијата на германската „Гересхајмер“, на средбата во Владата најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели. Според најавите, втората ќе биде најголема странска инвестиција досега реализирана во една фаза, стои во соопштението од Владата.

„Гересхајмер“ е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Во првата фабрика на „Гересхајмер“ во Северна Македонија се произведуваат пластични системи за фармацевтската индустрија. Производството е мехатроничко – со високо автоматизирани машини.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Таг:гересхајмер
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
Следен напис Опожарена трска на охридското крајбрежје во Струга
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?