Фармите за крокодили служат за размножување и одгледување на овие животни со цел да се произведе месо од крокодил и кожа од крокодил.
Прво се собираат јајцата од крокодилите во природното мочуриште. Секое гнездо има најмалку 20 јајца. Откога малите крокодилчиња ќе се изведат ги ослободуваат во живеалишта каде што се распоредени според возраста.
Во секоја фаза од развојот се одгледуваат одделно.
Крокодилите на возраст од 1 до 3 години растат многу брзо и многу јадат.
Подоцна, дел од крокодилите се ослободуваат поради одржување на природна рамнотежа.
Во видеото погледнете како изгледа една фарма за крокодили.
