Светската потрошувачка на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри што е за три проценти помалку во однос на годината порано и на најниско ниво од она од 2002 година, соопшти Меѓународната организација за винарство и лозарство (OIV) со седиште во Париз.
Во својот извештај проценуваат дека вкупниот извоз од земјите кои произведуваат вино изнесува 29,6 милијарди евра, што претставува пад од скоро седум проценти во само една година. Како главен виновник ја сметаат пандемијата на ковид-19 поради која многу држави мораа да ги затворат кафулињата и рестораните.
Поради тоа првенствено страдале премиум вината. Најголем пад на потрошувачката бележи Јужна Африка, а тој изнесува 19,4 отсто, следува Кина со 17.4 отсто.
Истовремено, светското производство растело и тоа за еден процент во однос на 2019 година, достигнувајќи 260 милиони хектари.
„Секторот е високо концентриран, со тоа и ризичен. Тоа ни покажува дека е неопходна негова диверзификација, почнувајќи од потрошувачката“, изјавил директорот на ОИВ, Пау Роца. Помеѓу останатите цели, оваа организација работи на тоа виното да го направи универзален потрошувачки производ.
„Азија во која расте потрошувачката е еден од главните предизвици за винскиот свет“, заклучува тој.
Пад и на потрошувачката на пиво?
Но, не е виното единствен алкохолен пијалок чија потрошувачката во време на пандемијата е намалена. Како што пишува AP news, во Чешка консумацијата на овој пијалок паднала за пет посто и тоа на најниско ниво во скоро 60 години. Имено, проценките покажуват дека секој жител на оваа земја во минатата година испил 135 литри што е за седум литри помалку по лице во однос на 2019 година.
Само една година порано Чесите, третина од пиво, главно свежо точено го пиеле по пивници, а минатата година тој удел се намалил на четвртина. Освен тоа, паднало и производството на пиво за 1,5 на 20,1 милиони хектолитри. Од тоа се извезени само пет милиони хектолитри, а пандемијата го прекинала осумгодишниот период на раст.
Извор: agroklub.com
