Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Начини на одгледување на јагнињата: Македонски начин на одлачување од 30-80 дена со одземање на млекото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Начини на одгледување на јагнињата: Македонски начин на одлачување од 30-80 дена со одземање на млекото
Сточарско производство

Начини на одгледување на јагнињата: Македонски начин на одлачување од 30-80 дена со одземање на млекото

Објавено 23/04/2021
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Додека  во сите други сточарски гранки (говедарство, свињарство, живинарство) системот на стопанисување  се  базира на модерни технологии, во овчарството не сме  отишле подалеку од традиционалниот начин на организација на трудот и производството, поради што изостануваат задоволителни производни и финансиски резултати и истото го прават  неактивна стопанска гранка.

Современата наука и пракса располагаат со рационални решенија за ефикасна реконструкција на технологијата  во овчарството. Реконструкцијата се состои од повеќе зафати, a ќе се задржиме на само една од поважните во пракса лесно применливи.

Имено, ќе се задржиме на раното одлачување на јагнињата и начинот како се  прави тоа. Основната цел  на раното одлачување  на јагнињата е да се зголеми  количината на намолзеното млеко по овца во текот на една лактација, зголемување на вкупниот приход и подобрување на рентабилноста во работењето. 

Од досегашните  истражувања, познато е дека лактацијата трае  5-8 месеци и зависи од повеќе фактори. Најголема количина на млеко се добива во почетокот на лактацијата (1-2 месец ). Максимумот се постигнува на 30 дена од лактацијата. После тоа слабо опаѓа до петтиот месец.

До петтиот месец од лактацијата пресушуваат 8% од вкупниот број на молзни овци, кои биле во почетокот на лактацијата. Во шестиот месец  млечноста опаѓа за 68% во однос на петтиот месец.  После петтиот месец  во лактација остануваат само најмлечните грла, а после седмиот месец само рекордерките од популацијата.

Во практиката се случува највисоката млечност да се јави во зимските месеци или рана пролет кога овците не се млекуваат и на тој начин се губат големи количини млеко. За да се избегне оваа појава, неминовно се налага воведување на посовремена технологија на одгледувањето на јагнињата и искористување на млекото.

За наши услови  во Македонија се предлагаат два начини на одлачување на јагнињата од мајките: одлачување  на 25-30 дена старост  и исхрана со концентратни смески, кога овците се млекуваат и македонски начин на одлачување на 30-80 дена старост со одземање на млекото.

Одлачување на 25-30 дена старост

Овај начин се применува кога сакаме да воведеме технологија на континурано производство на јагне (во две години три пати јагнење на овците) и претежно кога јагнињата се наменети за продажба за месо. После одлачувањето јагнињата се гојат со концентрат до тежина од 25-35 кгр.

Одлачувањето се прави на следниот начин;

Исхрана на дојни јагниња.  Првата храна на јагнето после јагнењето е колострумот кој е од пресудно значање, и тој треба да се прими за 1-5 часа. Секое грло мора да прима колострум. Доколку мајката нема млеко потребно е од друга овца да му се обезбеди. Колострумот е важен поради тоа што на јагнето му обезбедува имунитет и игра улога на заштитник, а покрај тоа е богат со хранливи материи. Кај овците антителата кај младенчето не доспеваат преку папочната врвца, туку преку колострумот кој го примаат во првите часови од јагнењето. Јагнињата можат да ги апсорбираат антителата преку епителот на тенките црева само во првите 24-48 часа после јагнењето. Покрај антителата, колострумот има и важно лаксативно својство, кое овозможува прочистување на цревниот тракт од фекалиите (мекониумот ) насобран во периодот на ембрионалниот развој.

Јагнињата до две недели не можат да консумираат доволно сува храна. Нормално сува храна можат да користат  на возраст  од 4 недели. Најуспешно одлачување  е на 25-30 дена возраст и 8-12 кгр. жива маса,  во колку  пред тоа добро се навикнати на консумирање на концентрат, почнуваќи  од седмиот ден  по јагнењето.

Раното одлачување има за цел :

-искористување  на млекото

-интензивно производство на јагнешко месо – подготовка на овците  за наредно припуштање.

-создавање можност за континуирано јагнење кај овците (3 пати во 2 години)

-се постигнуваат  исти дневни  прирасти како и кај јагнињата кои  подолго цицаат.

-кај близните јагниња заради недоволната количина на млеко се постигнуваат подобри резултати.

-повисоки економски резултати.

Концентратните смески  кои се користат  за исхрана  на одлачените  јагниња треба да содржат 15-18% протеини. За подобро да се привикнат  на консумирање на концентрат, потребно е одвојување  на јагнињата од мајките во текот на денот, со цел да огладнат и да бидат принудени да јадат концентрат.

Исхраната на рано одлачените јагниња трае 60-80 дена (најчесто 60) и се  постигнува телесна маса од 25-35 кгр., во зависност од расниот состав и другите одгледувачки услови. Просечниот дневен прираст кај овај начин  200-300 грама.

Македонски  начин на одлачување од 30-80 дена со одземање на млекото.               

Заради специфичните географско – климатски услови во Македонија и традицијата за пласман на јагнињата за велигденските празници на италијанскиот пазар, препорачуваме и модифициран начин на одлачување на јагнињата, таканаречен македонски начин.

Овој начин на одгледување се карактеризира по следното:

-до 30 дена старост постапката е иста како и кај  претходниот начин.

-од 30-40 дена старост по пат на молзење се одзема едно млеко (половина) и се користи  за преработка. За оваа цел јагнињата се одлачуваат наутро во 6 часот , а вечерта во 18 часот прво се молзат овците, а потоа се пуштаат јагнињата да цицаат до наредниот ден  во 6 часот, кога постапката се повторува.

-После 40 дена старост на јагнињата, овците се молзат двократно (утро-вечер) и после секое  молзење јагнињата се пуштаат  со мајките да цицаат  по 2 часа, а после се одлачуваат до наредното молзење. Оваа постапка трае се до продажбата на јагнињата,  или до потполното  одлачување доколку се наменети за приплод. За цел овој период  јагнињата консумираат концентрат по желба и сено во ограничени количини. Водата цело време е присутна по желба.

Со претходната постапка се овозможува користење на млекото за комерцијални цели, а истовремено задржување на млечноста кај овците што не е случај кај потполното рано одлачување.

Дип.инг.агр. Марика Миленковска
Агенција за поттикнување на развојот во земјоделството

Може да ви се допадне

Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Македонија шеста најсиромашна земја во Европа!
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Таг:јагнињамакедонијаодгледување
Претходен напис Најмногу дожд во Лазарополе, најстудено на Шапка
Следен напис Голем пад на светската потрошувачка на вино – ваква лоша година не се памети од 2002
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?