Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со ЕУ искуства се прошируваат и знаењата за контрола на нус-производите и додатоците во храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со ЕУ искуства се прошируваат и знаењата за контрола на нус-производите и додатоците во храната
Агровести

Со ЕУ искуства се прошируваат и знаењата за контрола на нус-производите и додатоците во храната

Објавено 21/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи, кој Агенцијата за храна и ветеринарство го реализира со поддршка од Европската Унија, на 8, 12 и 14 април реализирани беа обуки на тема официјални контроли за нус-производи од животинско потекло (НПЖП).

Проектниот експерт Франческо Боничели го презентираше законодавството за НПЖП, пристапот на ЕУ во однос на официјалните контроли на НПЖП и техниките за контрола. Во рамки на тридневните обуки одржани беа и симулациски вежби за официјалните ветеринари за начинот на спроведување на официјални контроли во областа на нус-производите, а претставени беа и неколку студии на случај.

Обуките беа наменети за инспектори од Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство и Одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните.

На 9 април, како дел од овој проект претставници од АХВ и експерти одржаа онлајн-работилница за операторите со храна на тема Законодавството во однос на додатоците на исхрана и здравствени и нутритивни тврдења. Работилницата ја отвори директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.

Претставници на Секторот за храна од неживотинско потекло направија преглед на законодавството во однос на додатоците на исхраната и здравствените и нутритивни тврдења и предложените измени на законодавтсвото. Презентирано беше Упатството за бизнис операторите со храна „Легислатива за додатоци на исхрана и постапка за нотификација“. Проектните експерти од Австрија го објаснија законодавството на ЕУ во однос на додатоците во исхраната и здравствените и нутритивните тврдења, а дадоа и примери за правилна употреба на здравствени тврдења.

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:нус производи
Претходен напис Во соработка до ФИТР, ќе се формира работна група за подготовка на Национална стратегија за вештачка интелигенција
Следен напис Погледнете како Скопје и Македонија се смениле од 1984 година до денес: Google Earth објави снимки за подигнување на свесноста за климатските промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?