Ориенталните видри кои живеат во аквариум во американската држава Џорџија добиле позитивен тест на коронавирус, објавила управата на зоолошката градина, пренесуваат странските медиуми.
Животните пред два дена почнале да покажуваат благи респираторни симптоми, како кивање, течење од нос, благи летаргии и кашлица, пишува во соопштението и се додава дека и покрај тоа се очекува нивно целосно опоравување.
„Во овој момент нивните живеалишта се затворени и посетителите не можат да дојдат до нив, а за видрите се грижи стручен тим задолжен за здравјето на нашите животни“, јавуваат од золошката, но не наведуваат колку точно видри се разболеле.
„Очекуваме дека сите животни во целост ќе се опорават“, вели Тонја Клаус, член на управата додавајќи дека се верува дека видрите се заразиле од асимптоматски член на персоналот кој се грижел за нив.
