Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Милевски: Над 30 000 жители на Демир Хисар следната зима ќе ја дочекаат без проблеми со новата механизација за одржување на патишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Милевски: Над 30 000 жители на Демир Хисар следната зима ќе ја дочекаат без проблеми со новата механизација за одржување на патишта
Агровести

Милевски: Над 30 000 жители на Демир Хисар следната зима ќе ја дочекаат без проблеми со новата механизација за одржување на патишта

Објавено 18/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на проектот за јакнење на регионалните капацитети за одржување и заштита на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион, набавен е функционален комплет на механизација, товарно возило, плуг и соларка, за зимско одржување на сите видови на патна инфраструктура на територијата на општина Демир Хисар, соопшти Министерство за локална самоуправа.

– Бенефит од проектот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе имаат околу 30 000 жители на Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани, а вкупната вредност на инвестицијата е над седум милиони денари заедно со општината Демир Хисар. Со набавката преку проектот е да се придонесе кон зајакнување на техничките капацитети на Пелагонискиот регион за одржување и заштита на локалната и регионалната патна инфраструктура, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Тој појасни дека на овој начин ќе се подобри ефикасноста на Јавното комунално претпријатие во Пелагонискиот регион при извршувањето на своите надлежности и давањето на услуги на населението и стопанството, а исто така ќе се зголеми безбедноста на локалните и регионалните патишта во зимски услови како и зголемување на протокот на луѓе и стоки на територијата на Пелагонискиот регион.

– Во период од 3 и пол години ова е трето возило кое што го набавуваме преку Пелагонискиот плански регион. Двете возила беа за собирање на комунален отпад и ова возило за одржување на локалните патишта. Како општина Демир Хисар кофинансиравме во проектот во висина од 3 милиони и 700 денари затоа што ни претставуваше приоритет за одржувањето на патиштата. Ние имаме околу 100 км локални патишта и со ова возило непречено ќе работат од страна на јавното комунално претпријатие, истакна градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.

Од Центарот за развој на Пелагониски плански регион потенцираа дека овој регион во зимскиот период изобилува со обемен снег и ниски температури, така што од тие временски услови се појавила иницијативата на градоначалникот за набавка на возилото.

– Преку оваа набавка ќе се направи заштеда на јавните претпријатија со тоа што нема потреба повеќе да се ангажира приватна механизација така што директно јавното комунално претпријатие ќе ги подобрува условите за живот на локалните граѓани во Демир Хисар но и за тие кои патуваат постојано во овој регион, истакна Гого Видимче, директорот на Центар за развој на Пелагониски плански регион.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Горан МилевскиДемир Хисарпатна инфраструктурарегионални капацитети
Претходен напис Заев: Заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агросекторот и руралниот развој
Следен напис Облачно и дождливо време, од вторник се најавува стабилизација и пораст на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?