Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пандемијата со ковид-19 влијае и на откупот на преспанското јаболко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пандемијата со ковид-19 влијае и на откупот на преспанското јаболко
Агровести

Пандемијата со ковид-19 влијае и на откупот на преспанското јаболко

Објавено 16/04/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Меѓу 5.000 и 10.000 тони преспанско јаболко од минатогодишната реколта стои неоткупено во магацините на производителите. Причина за тоа, според првиот човек на Здружението на јабокопроизводители Љубе Пампулевски, е пандемијата од ковид-19, која направи застој во пласманот на светските пазари.

-Во обичните магацини на овоштарите има меѓу пет и 10.000 тони складирано јаболко, кое и покрај побарувачката, поради коронавирусот и тргни застани на меѓународните пазари останува неоткупено, вели Пампулевски.

Најголем дел од складираните јаболка, или, како што процени претседателот на Здружението, до 70 отсто се оштетени и скапани, секојдневно калираат, а цената им паѓа.

-Се случува негде да има 60 до 70 проценти од складираната количина во домашните магацини да е оштетена. И покрај побарувачката од странските пазари цената опаѓа и во моментот се движи од осум до 10 денари. Пред само еден месец јаболката се откупуваа по 14-15 денари, па падна на 10 до 12, за сега да е под 10 денари, изјави Пампулевски за МИА.

За разлика од домашните складишта на преспанските овоштари, јаболката сместени во ладилници имаат одличен квалитет и ќе се чуваат некаде до јуни кога се очекува и повисока продажна цена.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јаболка
Претходен напис Најчести работни обврски во пчеларникот во април и мај
Следен напис АХВ: Со италијански искуства ќе се спречуваат и измамите со храна, Кривичниот закон клучен во борбата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?