Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тежок удар за француските лозари – Во борбата со мразот не им помогнаа ниту хеликоптерите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тежок удар за француските лозари – Во борбата со мразот не им помогнаа ниту хеликоптерите
Агровести

Тежок удар за француските лозари – Во борбата со мразот не им помогнаа ниту хеликоптерите

Објавено 14/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ненадејниот мраз, најлош во последните неколку децении, ја опустоши француската индустрија за вино, која веќе се бори со ефектите од коронавирусот и тарифите наметнати од САД на нивните вина во октомври минатата година.

Лозарите од Бордо до Бургундија запалија свеќи (метални контејнери исполнети со восок), слама и како што пишува Декантер, дури и хеликоптери користени за циркулација на потопол воздух летаа над лозјата, сето тоа за да ги заштитат лозовите насади од ниски температури. И покрај нивните напори, има извештаи за сериозни штети на насадите низ целата земја.

Според Витисфер, 50 проценти од пупките биле оштетени, што е тежок удар за тамошните производители. Температурите во повеќето региони се движеле од -5 до -6 степени Целзиусови, а во општината Сант-Сесил-ле-Вињ е измерена од -9 степени. Уништени се лозови насади во долината Рона, Лоара, областа Бордо и провинциите Бургундија и Шампањ.

„Мразот погоди 80 проценти од француските плантажи“, изјавил Жан-Мари Барилер, претседател на Францускиот национален комитет за вина со контролирано географско потекло (CNIV).

Малку поблаги температури имало во источните предели на Пиринеи, додека помала штета е проценета во провинцијата Алзас. Но, според понатамошната временска прогноза, француските производители сè уште можат да очекуваат мраз.

Една од карактеристиките на климатските промени е поголема фреквенција на екстремни временски прилики, а од почетокот на студениот бран беше јасно дека се случува нешто невообичаено. За време на викендот, земјата сфати дека станува збор за природна катастрофа што се случува еднаш во половина век и дека тие останаа без голем дел од овогодинешните приноси.

Земјоделската комора во Франција отвори кризна единица за поддршка на земјоделците со што беа преземени многу мерки за да им се помогне на винариите како ослободување од плаќање придонеси за социјално осигурување. Укината е и кризната дестилација.

A devastating week for the vineyards of France. Grower Vincent Dancer of Chassagne-Montrachet with the most dramatic of images as they tried to fight off the frost in Burgundy. pic.twitter.com/7K0J6gt89G

— Gavin Quinney (@GavinQuinney) April 10, 2021





Извор: Agroklub

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лозјемразФранција
Претходен напис За првпат, сите државни функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги
Следен напис Изгаснат пожар во близина на манастирот во Матејче
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?