Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата ја донесе петгодишната Стратегија за безбедност на храната и храната за животни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата ја донесе петгодишната Стратегија за безбедност на храната и храната за животни
Агровести

Владата ја донесе петгодишната Стратегија за безбедност на храната и храната за животни

Објавено 13/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија ја донесе Стратегијата за безбедност на храната и храната за животни за периодот 2021-2025, документ кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство. Во него се отцртани правците на развој на националниот систем за безбедност на храна во наредниот петгодишен период, со основна цел овозможување на соодветно и навремено ефективно справување со сите предизвици од областа на безбедноста на храната и храната за животни. 

Основниот пристап на Стратегијата е продолжување на концептот за целосно и интегрирано покривање на процесот на производство на храната од нива до трпеза, односно на комплетниот синџир – од примарното производство на храна сè до крајниот потрошувач. Документот се надоврзува на претходните документи и стратегии, но и на релевантните политики и стратешки документи на Министерството за здравство и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на документите на Европската унија и меѓународните организации, пред сè на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – (FAO). 

Главните стратешки документи кои ги поставуваат насоките на Стратегијата се базираат на шест главни стратегиски области на делување: Првата е Интегрирање и создавање на заедничка платформа за координиран и интегриран приод на три области на храната: безбедност на храна, обезбеденост со храна и сигурност на храна, со цел постигнување на ефективен, одржлив и еластичен национален систем. Втората стратегиска област се однесува на унапредување на институционалниот капацитет во делот на официјални контроли и исполнетост на законските барања во областа на безбедноста на храната. Официјалните контроли ќе се спроведуваат на ефективен, ефикасен и сигурен начин за да обезбедат заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата и високо ниво на безбедност на храната; 

Превентивата и контролата на измамите со храна и сериозни закани за безбедност на  храната со цел потрошувачите секогаш да имаат пристап до автентична безбедна и нутритивно вредна храна е третата стратегиска област на делување. Обезбедувањето на безбедност, интегритет и автентичност на храната ќе се постигне со правилно и навремено откривање, спречување и преземање на активности за заштита на потрошувачите.

Унапредување на системот на научна поддршка, професионална експертиза и евиденција на активностите на агенцијата во областа на безбедноста на храна е четвртиот столб на Стратегијата и тој вклучува и  проценка на ризик и креирање на политики, програми и планови.

Надградбата на системот на  комуникација, едукација и соработка во областа на безбедност на храна е петтиот стратешки столб. Високото ниво на информираност, знаење и посветеност на потрошувачите и другите засегнати субјекти со воспоставен систем на комуникација и соработка се веќе институционализирани и се еден од столбовите на националниот систем на безбедност на храна и храна за животни.

Шесттата стратешка област се однесува на обезбедување институционална поддршка на политиката на исхрана на Министерството за здравство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвБезбедност на хранапетгодишната Стратегијахрана
Претходен напис Ивеала: Работите во СТО ќе ги променам од темел, приоритет пандемијата
Следен напис Денеска облачно со локални врнежи од дожд и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?