Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Граѓаните на Демир Капија добија нов современ Дом на културата, парите се обезбедени преку програмата за рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Граѓаните на Демир Капија добија нов современ Дом на културата, парите се обезбедени преку програмата за рурален развој
Рурален Развој

Граѓаните на Демир Капија добија нов современ Дом на културата, парите се обезбедени преку програмата за рурален развој

Објавено 13/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, заедно со градоначалникот на општина Демир Капија, Лазар Петров, денеска направија увид во капиталните проекти кои општината ги реализираше со средства од Програмата за рурален развој.

Станува збор за три проекти со вкупна вредност од над 21 милион денари. Дел, односно, над 12 милиони денари се инвестирани за реконструкција на Домот на културата „Мирка Гинова“. Градот доби целосно нов современ објект кој овозможува квалитетни услови за работа на културните работници, а граѓаните добија мултифункционален објект со најсовремена опрема.

„Агенцијата за реализација на овој проект обезбеди 12 милиони денари. Освен овој проект во Демир Капија со средства од Агенцијата ќе се реализираат и уште два други проекти, со што вкупните средства кои ќе се вложат во овој дел на државата изнесуваат над 21 милион денари. Тоа се сериозни средства кои ќе го развиваат потенцијалот во овој дел од државата. Со помош на овие средства се уредува и излетничкото место Дошница а земјоделците кои имаат површини во месноста Кош добија квалитетен пристап до земјоделско земјиште што позитивно ќе се одрази на намалување на производните трошоци за земјоделските производи.“, истакна Бачовски

Градоначалникот Петров, истакна дека ваквите проекти се од огромно значење затоа што овозможуваат развој на културата.

„Ова место станува простор каде младите културолошки ќе се образуваат, ќе ја негуваат традицијата и фолклорот. Во овој мултифункционален објект ќе се овозможи да се одржуваат концерти, театарски претстави и настани. Агенцијата ја препозна нашата потреба и овозможи граѓаните да добијат објект каков што заслужуваат“, истакна градоначалникот Петров

Преку Програмата за рурален развој во сите општини се реализираат над 200 проекти со вкупна вредност од 38 милиони евра. Средства кои реално овозможуваат рамномерен регионален развој како и еднакви услови за живот на сите граѓани во Република Северна Македонија без разлика дали живеат во урбани или рурални средини.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:Бачовски
Претходен напис Сè што треба да знаете за одгледување на капини
Следен напис Нè очекува нестабилно време со ветер и грмежи, утре и снег на планините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?