Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија меѓу шампионите во регионот по растот на нови обновливи извори на енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија меѓу шампионите во регионот по растот на нови обновливи извори на енергија
Агровести

Македонија меѓу шампионите во регионот по растот на нови обновливи извори на енергија

Објавено 12/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија минатата година го зголеми производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто, објави специјализираниот портал „Балкан Грин Енерџи Њуз”.

Со ваквиот раст земјава се најде на трето место меѓу земјите од регионот, зад Кипар кој забележа зголемување на производството на енергија од обновливи извори за 15,2 отсто на 371 мегавати и Турција со раст од 10,8 проценти на 49,4 гигавати.

Зад Северна Македонија се најдоа Грција со зголемување за 9,5 проценти на 10,9 гигавати, Албанија со раст од 6 отсто на 2,3 гигавати и Хрватска која го зголеми капацитетот на производтво на енергија од обновливи извори за 5,1 проценти на 3,2 гигавати. Останатите земји од Југоисточна Европа забележаа многу низок раст на искористувањето на обновливите извори на енергија, посочува порталот.

Според податоците на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) глобалниот капацитет на производството на енергија од обновливи извори во 2020 година е зголемен за 10,3 проценти, на нешто помалку од 2,8 теравати.

– Економскиот пад предизвикан од пандемијата на коронавирусот остави длабоки последици на целата планета, но обновливата енергија продолжи да бележи раст. Импресивно е и тоа што соларната енергија и енергијата на ветерот заедно сочинуваат 91 процент од новите инсталации. Соларната енергија имаше најголем раст од сите технологии од 22 отсто на 714 гигавати, следена од енергија на ветрот со раст од 18 проценти на 733 гигавати, се додава во извештајот на Меѓународната агенција за обновлива енергија.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:соларна енергија
Претходен напис Зголемен водостојот на Охридското Езеро
Следен напис Од 706 пријавени дури 540 компании аплицираат за прв пат на јавните повици на Фондот за иновации и технолошки развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?