Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светските цени на храната се зголемуваат десет месеци по ред
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светските цени на храната се зголемуваат десет месеци по ред
Агровести

Светските цени на храната се зголемуваат десет месеци по ред

Објавено 09/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Десетти месец по ред цените на храната на глобалните пазари продолжуваат да се зголемуваат и најголем раст има кај млечните производи, месото и растителните масла, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Индексот на цените на храната ФАО, кој ги следи месечните промени во квотите на пет основни прехранбени производи – растителни масла, млечни производи, месо, житарки и шеќер – во просек изнесуваше 118,5 поени во март, што е за 2,1 процент повеќе од февруари и највисоко ниво од јуни 2014 година, според извештајот објавен на официјалната веб-страница на оваа агенција на ОН.

Најголем пораст на цената, од 3,9 проценти на месечно ниво, е забележан кај млечните производи во март.

Зголемени се и цените на млеко во прав, како резултат на зголемената побарувачка за увоз во Азија, особено во Кина, падот на производството во Океанија и недостигот на достапни контејнери за испорака во Европа и Северна Америка.

Во март, цените на месото забележаа пораст за 2,3 проценти во споредба со февруари, предводени од зголемените квоти на живина и свинско месо поради зголемениот кинески увоз и продажба на пазарот во Европа пред велигденските празници.

Цените на маслото од растително потекло беа повисоки за 0,8 проценти во март отколку во февруари, достигнувајќи десетгодишен врв, а особено паднаа цените на маслото од соја поради очекуваната голема побарувачка од секторот за биодизел.

Спротивно на тоа, цените на житарките се намалија за 1,8 проценти на месечно ниво, но сепак се за 26,5 проценти повисоки отколку во март 2020 година. Најмногу паднаа цените на извозот на пченица, како резултат на генерално добрата залиха и поволните изгледи за производство за 2021 година.

Пад имаа и цените на пченката и оризот, додека цените на соковите се зголемија. Цените на шеќерот се намалија за 4,0 проценти.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:млекоцени
Претходен напис Со пауловнија, бела топола и јасен во борба против аерозагадувањето
Следен напис Здравје во чаша: Квасот од цвекло е суперпијалак
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?